5 војници, 5 пожарникари и 5 полицајци на пикник (виц)

5 војници, 5 пожарникари и 5 полицајци отишле на пикник во шумата. По некое време, војниците рекле:
– Ние одиме во лов на зајаци.
Отишле. Се вратиле за 1 час и носат еден зајак од 5 килограми. Пожарникарите и полицајците ги фатила завист. По некое време пожарникарите рекле:
– И ние одиме во лов на зајаци.
Речено-сторено. Се вратиле по 2 часа со насмевки на лицата и со еден голем зајак од 7 килограми. Полицајците овој пат станале ептен љибоморни и решиле и тие да одат во лов.
Отишле. Ги немало 1 час, 2 часа, 3 часа… Војниците и пожарникарите се загрижиле и отишле да ги бараат. По кратко време ги нашле полицајците во една падина. Фатиле една дива свиња, четворицата ја држат за по една нога, а командирот стои пред неа, ѝ удира шамари и вели:
– Признај дека си зајак! Признај дека си зајак!