50 години подоцна: Шокантни резултати од експериментот со фрлање два милиони гуми во океанот во 70-тите
Проектот за вештачки гребен, кој започнал пред повеќе од 50 години, се покажал како катастрофа, предизвикувајќи повеќе штета на околината отколку корист.
Што е Осборн Риф и како започнала идејата?
Осборн Риф е составен од над два милиони гуми, како дел од напорите во текот на 70-тите и 80-тите години за подобрување на морскиот живот. Се сметало дека старите гуми можат да имитираат корални гребени. Но, како што сега знаеме, проектот завршил како еколошка катастрофа.
Идејата потекнала од локална непрофитна организација и била одобрена од Инженерскиот корпус на американската армија, додека процесот на фрлање гуми бил надгледуван од воен брод на американската морнарица.
Проектот бил толку популарен што компанијата за гуми „Гудиер“, која обезбедила голем дел од гумите, дури фрлила позлатена гума од својот цепелин.
Меѓутоа, гумите, кои биле поврзани само со најлонски јажиња и челични клипови, со текот на времето се одвоиле една од друга. Ова ги направило бескорисни како гребен, а дел од нив дури предизвикале штета на постојните корални гребени.
Каква е состојбата на Осборн Риф денес?
За среќа, организациите во последните децении сфатиле дека проектот бил ужасна идеја и започнале програми за отстранување на гумите од морското дно.
Една од овие организации, „4ocean“, активно работи на чистење на океаните. Тие во своите објави на социјалните мрежи признаваат дека „добронамерниот проект не успеал“ и дека се приклучиле на „тешката битка“.
Иако голем дел од гумите сè уште се на морското дно, организацијата во март 2022 година изјавила: „И покрај напредокот во чистењето, сè уште има над 500.000 гуми на дното на океанот. Имаме уште многу работа.“
Колку време ќе биде потребно за чистење на Осборн Риф?
Одговорот е – никој точно не знае.
Флорида Департментот за заштита на животната средина го следи овој проблем преку својот проект за отстранување на отпадни гуми од Осборн Риф. Според последното известување, сè уште има околу половина милион гуми, а ново ажурирање требало да биде доставено до Сенатот на Флорида до јули 2024 година.
Во извештајот се вклучени проценки и детални планови за чистење, но само делумно е достапен за јавноста. Според проценките, дури е можно да има околу еден милион гуми на дното на океанот, при што околу 945.804 гуми се очекува да бидат отстранети до 2033 година.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
И после овој експеримент сега ќе одиме на Марс!?
Па и него ќе го загадиме!
Коментирај анонимно