57% од „Gen Z“ генерацијата сакаат да бидат познати личности на социјалните мрежи и би работеле 7 дена во неделата за добри пари

Да се ​​биде ѕвезда на „TikTok“ може да изгледа како глупост, но тоа е се што треба да се биде во денешно време, според „Gen Z“. Повеќе од половина од „Gen Z“ генерацијата сакаат да бидат влијателни личности – 57% поточно, според истражувањето од 2023 година.

 

 

 

„Сакаат да го прават тоа константно, од понеделник до недела“, рече тиктокерката Хана Вилијамс за CNBC. „Од моментот кога ќе се разбудите до времето кога ќе легнете, интернетот е вклучен, така што сте вклучени и вие“.

27-годишната девојка ја води популарната страница „Salary Transparent Street“, која може да се пофали со 1,4 милиони следбеници. Откако ја напуштила својата работа во 2022 година за да продолжи со создавање содржина со полно работно време, Вилијамс сега заработува значителни 125.000 долари – но по која цена?

 

 

 

Таа изјави за медиумот дека нејзините денови започнуваат во 8 часот наутро со уредување, планирање и одговарање на е-пошта, а потоа зборува со клиенти помеѓу пладне и 15 часот и покрај паузата помеѓу 16 и 18 часот, таа се враќа на работа до крајот на вечерта до полноќ. Слично на тоа, 22-годишната креаторка на содржина поврзана со животниот стил, Керолин Лашер, вели дека работи од 8 часот наутро до најмалку 22 часот, и „носи дома“ околу 10.000 долари месечно како креатор на содржина со полно работно време.

 

 

„Јас сум мој фотограф, видеограф и уредувам сè сама“, изјави таа за CNBC, додавајќи дека се труди да објавува секој ден. „Значи, кога ќе излезам, обично го носам мојот статив и се фотографирам секаде кадешто можам. Чувствувам дека ако не сум активна на социјалнит мрежи, тоа ќе ме повреди“, рече таа.

 

 

Каспар Ли, на пример, сè уште може да се пофали со повеќе од 6 милиони следбеници на неговиот канал на „YouTube“ и покрај тоа што повеќе не објавува содржина. Во 2019 година, тој одлучил дека „не го сака процесот како порано“ и се повлекол. Сега, 30-годишникот е фокусиран на други проекти, како што е создавање компанија за управување со таленти и фирма за капитал.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *