58-годишен директор од Тексас дал отказ откако се вљубил во 22-годишната вработена

58-годишен финансиски директор се повлекол од својата позиција откако се „спарил“ со 36-години помладата вработена во истата компанија, преку апликацијата за запознавање, Тиндер.

Рик се совпадна со 22-годишната Алиса Клиланд преку апликацијата за запознавање додека работел во компанијата за геодетски земјишта каде што бил главен финансиски директор.

Алиса првин не била сигурна дали сака да ја меша работата со приватниот живот, но откако излегле на ручек и разговарале четри часа сфатиле дека имаа повеќе лични заеднички теми на разговор отколку во канцеларијата. Рик вели дека кога скролнал десно (да се искаже допаѓање) не ни приметил дека на фотографијата е вработената Алис, но кога и таа потврдила сфатил за која девојка станува збор. Тој се загрижил дека девојката ќе претпостави дека намерно ја злоупотребил својата позиција на авторитет и затоа првично ја поканил на ручек.

Но, 6 недели подоцна тие се вљубиле еден во друг и Рик дал отказ од работа, затоа што не сакал да направи проблеми во компанијата ниту пак во нивната врска. Тие велат дека нивната љубов е вистинска и дека наскоро ќе стапат во брак иако не сакаат деца. Рик веќе има од претходниот брак.

Алиса ја припишува нејзината зрелост на нејзиното тешко детство. Родена со ретка конгенитална состојба наречена параксијална тибија хемимелија, Алиса е родена во Украина, пред да биде посвоена од семејство во САД. Оваа состојба довела до тоа едната нога да и биде ампутирана. Но, девојката научила одлично да функционира со протеза од нејзината 4-та година од животот.