6-годишното девојче е решено да оди со тато во паб и нема да се откаже од намерата да ги убеди сите
Ејми Лејн Мојнихан ја снима својата 6-годишна ќерка Кејти како ја моли да оди „само една вечер“ во локалниот паб заедно со нејзиниот татко. Видеото е снимено во нивниот семеен дом во Вексфорд, Ирска. Во видеото, младата Кејти инсистира на тоа дека била во пабот „неколку пати пред тоа“ и не гледа никаков проблем со тоа да оди уште еднаш.
На неа дури не ѝ се верува дека иако има „цели 6 години“ мајка ѝ не ја пушта да оди. На крајот откако сфати дека мајка ѝ не попушта ѝ се обрати на камерата: „Сериозно дечки, дали ми верувате? Имам 6 години и мајка ми не ме пушта да одам во пабот“. Исто така неодоливото девојче вели дека татко ѝ ја игнорирал кога го прашала па дури и се обиде да го „поткаже“ на мајка си дека не чисти во кујната туку само го држи телефонот во раце.