6 луѓе на кои животот им дал суперсили (Но, за некои од нив не е радост)

Малку е веројатно дека постои таква личност која не би сакала да има било каква суперсила. Благодарение на изобилството на научна фантастика на полиците за книги и филмовите, секој од нас барем еднаш се замислувал на местото на главниот лик.

Но, всушност, суперхероите не се толку фикција. Навистина, во светот има луѓе чии способности ги изненадуваат обичните луѓе.

Човекот кој „гледа“ со помош на звуците

Даниел го изгубил видот на возраст од 1 година поради карцином на мрежницата, но неговите родители одлучиле дека тој не треба да очајува. Од раното детство, Даниел ја совладал ехолокацијата, благодарение на што научил да се движи совршено во просторот. Тој го испужува јазикот или плеска со рацете и го слуша рефлектираниот сигнал, добивајќи идеја за локацијата и големината на предметите околу него.

Генијално момче

Рамзес Сангуино има блага форма на аутизам. Но, во исто време, тој е едно од најпаметните деца на планетата. За една година, момчето веќе почнало да чита, а малку пдооцна ја знаел таблицата за множење и периодичниот систем. На 5 години тој научил 7 странски јазици и решавал комплицирани математички задачи. Тој исто така може да ја погоди секоја карта која неговата мајка ја држи во рацете. Ова сè уште не е научно докажано, но научниците внимателно го испитуваат малиот генијалец и неговите телепатски способности.

Човек кој може долго време да не дише

Додека студирал во Барселона, Данецот Стиг Северисен се заинтересирал за редок спорт – подводен хокеј. Тогаш, тој одеднаш сфатил дека може да остане под вода многу подолго од другите луѓе. Тој може да го задржи здивот 22 минути. Во 2010 година, Северисен влезе во Гинисовата книга на рекорди, пливајќи на оддалеченост од 72 метри во Северното Море под дебелиот мраз.

Човек кој може да трча без одмор неколку дена по ред

Американецот Дин Карнасис уште од дете многу сакал да трча. Тој трчал од дома до училиштето и назад. Сега Дин има 57 години и е легенда за супер маратони. Едно од неговите главни достигнувања беше учество во трката за 580 км без спиење цели 4 дена и 3 ноќи. Тој исто така трчаше по долината на смртта на температура од +49 ° C и на Јужниот пол на температура од -25 ° C.

Човек-хидрант

52-годишниот Африканец Диксон Опонг е жива атракција, бидејќи има необична способност. Мажот може да испие повеќе од 4 литри вода одеднаш, што е фатално за нормална личност. Покрај тоа, без повраќање и грчеви, тој ја испрскува водата, користејќи ги мускулите на абдоменот.

Жена која се сеќава на сѐ

54-годишната Американка Џил Прајс од 12 години се сеќава на секој настан од нејзиниот живот: каде била и што направила – како да се случило пред само неколку дена. Понекогаш овие спомени се појавуваат несвесно. Секоја незначителна епизода до програмата што се емитувала на ТВ во било кој момент, таа може детално да ја прераскаже. Доволно е само да се каже година и ден и таа ќе знае што се случило тогаш.

Џил стана првиот пациент на кој му беше дијагностицирана хипертирезија – исклучителна автобиографска меморија. Можеви звучи интересно, но Џил вели дека ја исцрпува. Постојаните сеќавања не и дозволуваат да се фокусира во сегашноста.