6 модели со облини, кои целосно го менуваат светот на модата
Модната индустрија е една од најпроменливите сфери во нашиот живот. Помина низ различни фази од модели со облини со фигури на песочен часовник во 50-тите до супертенки андрогени модели во 90-тите. Денес, светот на модата се менува себеси за да ја запознае новата прецепција за телото која е детерминиран од самоприфаќањето и телесната позитивност. Ешли Греам, Палома Елсесер, Кендис Хафин и други инфлуенсери докажуваат дека индустријата за модели е подготвена за големи промени и тие се случуваат токму сега.
1. Ешли Греам
Ешли Греам е еден од најпознатите топ модели со облини и врвна инспирација за многу жени. Таа го отвори патот за многу модели со плус сајз во индустријата и таа е страстен активист за тело-позитивност.
На своите социјални мрежи, Ешли ја промовира идејата за самоприфаќање. Таа споделува фотографии без шминка и филтри и отворено му го покажува на светот нејзиниот постпородилен стомак со стрии. Манекенката се обидува да ги поттикне другите да престанат да користат фотошоп и филтри и да се ослободат од неостварливите стандарди за убавина.
2. Палома Елсесер
Палома Елсесер беше откриена на Инстаграм од шминкерот Пет Мекграт. Пет барала уникатни лица, а потоа ја нашла Палома.
Во текот на нејзината кариера, Елсесер има работено со Nike, Fenty Beauty, Proenza Schouler и Mercedes-Benz. Таа, исто така, се појави во многу модни списанија, вклучувајќи ги американските Vogue, Teen Vogue, Elle и Glamour.
3. Кендис Хафин
Кендис Хафин учествуваше на бројни модни недели во Њујорк и работеше со истакнати дизајнери, вклучувајќи ги Прабал Гурунг и Кристијан Сириано.
Манекенката призна дека снимањето за Vogue Italia било клучен момент во нејзината кариера. „Тоа ќе остане запишано во историјата за мене како навистина важен момент во мојот живот“, рече Кендис.
4. Прешс Ли
Прешс Ли е уште една светски позната жена која го редефинира имиџот на супермодел. Нејзината енергија и напорна работа и дозволија да соработува со многу познати дизајнери и да учествува во бројни проекти.
Моделот ја претстави колекцијата на Версаче за пролет 2021 година во Милано и беше воодушевена што работеше со Донатела Версаче. И на Донатела и беше мило што соработуваше со Ли.
5. Искра Лоренс
Во едно од нејзините интервјуа Искра сподели неколку правила на прифаќање на себеси кои ги следи. Манекенката е сигурна дека е исклучително важно да бидете свој фан број еден, да сфатите дека имате целосна сопственост на вашето тело и отворено да зборувате за вашите несигурности.
6. Тес Холидеј
Тес Холидеј е уште еден моќен инфлуенсер во движењето за самоприфаќање. Таа ја промовира идејата за самодоверба и позитивност на телото, тврдејќи дека човек не мора да биде со одредена големина за да го сака своето тело и да ужива во храната што ја сака.
Пред неколку години Тес започна кампања на социјалните мрежи која ги охрабруваше жените во плус сајз да ја носат облеката што ја сакаат, и покрај сите наметнати општествени стандарди.