6 совети како да се справите со самоизолацијата, доколку анксиозноста и депресијата напаѓаат

Изолацијата, по дефиниција, е осамена перспектива. И додека одржувањето социјалното дистанцирање е неопходно за да се справиме со ширењето на коронавирусот, сепак може да биде штетно за менталното здравје. Многу луѓе кога се чувствуваат тажни или де пресивни излегуваат со своето семејство и пријатели, шетаат и прават интересни активности.

Но, токму овие работи сега се забранети, па за да одржуваме „ментална хигиена“ освен миење на рацете и слушањето на властите треба да се погрижиме и за нашиот ум. За да помогне во решавањето на овој проблем, Стивен Бакли, Раководител на информации во добротворната организација за ментално здравје, сподели неколку совети како да се одржи доброто ментално здравје во оваа ситуација.

Редовно јавувајте се и правете видео повици

Важно е да останете поврзани едни со други во ова време, особено ако вие или некој што го познавате имате проблем со ментално здравје. Организирајте редовни проверки со луѓе со кои сте блиски. Доколку мислите дека ќе снемате теми на разговор договорете се да читате иста книга или да гледате сит филм/серија и да имате тема за разговор.

Останете ментално и физички активни

Најголем дел од нас целиот ден го поминуваат во пижами, но ова не е корисно ниту за физичкото ниту за менталното здравје. Сега барем има толку можности со помош на фитнес тренери кои споделуваат секаков вид на вежби на Јутуб. Исто така освен физичкото одржувајте го и менталното здравје, сложувајте сложувалки, играјте игри, решавајте загатки и тестови, едноставно поставете си предизвици кои можете да ги правите од вашиот дом. ж

Одржувајте здрава исхрана

Храната што ја јадеме исто така се одразува како и на физичкото така и на менталното здравје.

Направете си рутина

Ако работите од дома, примамливо е воопшто да не станувате од кревет и веднаш да започнете со работа. Како и да е, бесцелно поминување на денот може да резултира во чувства на мрзеливост, досада и недостаток на мотивација и да се чувствувате исцедено. За возврат, овие работи можат да бидат штетни за вашата ментална благосостојба. Затоа направете си рутина, кога ќе станете, во колку часот ќе појадувате, одвојте време за пауза од кафе или чај и слично.

Обидете се да имате пристап до природата

Оние кои имаат двор или градина се препорачува барем еднаш во денот да одвојат време да поседат надвор. Додека оние пак кои немаат одлично е ако се грижат за цвеќиња во саксија или пак го отворат прозорецот за да ги слушнат птиците.

Не гледајте премногу вести

Иако треба да бидете информирани за ситуацијата постојаното седење пред телевизор или листање на содржините за коронавирус по порталите може само да ве доведе до депресија. Исто така можете да прочитате и многу лажни вести кои дополнително лошо ќе влијаат врз вашето расположение.