6 совети за тоа како да се спасите доколку налетате на диво животно

Справувањето со диви животни може да биде незгодно. Не постои единствено решение за сите кога станува збор за одбрана од нив, бидејќи тие различно реагираат на разни однесувања. Она што најдобро функционира е да знаете како да одговорите на несакани средби со опасни животни и да научите различни техники.

1. Како да се заштитите од елен

Поголемиот дел од времето елените повеќе сакаат да бегаат отколку да комуницираат со луѓе. Сепак, женка може да стане агресивна ако имаат малечки, за мажјаците за време на сезоната за парење.

  • Останете смирени и полека вратете се назад. Ако започне да ве напаѓа, ставете пречка помеѓу вас и еленот и избегајте или искачете се на дрво.
  • Кренете ги рацете и палтото за да изгледате поголеми. За да изгледате пострашно, замавнете го палтото наоколу.
  • Ако еленот ве нападнал, заштитете ја главата и вратот така што ќе легнете во позиција на фетус.

2. Како да се заштитите од мечка

Ако зборувате и правите многу врева, мечките во близина веројатно ќе ја напуштат областа. Но, ако одеднаш наидете на мечка еве што треба да направите:

  • Не врескајте, бегајте и не се качувајте на дрво. Мечките се брзи и можат да турнат потенко дрво лесно.
  • Направете да изгледате поголеми. Полека истегнете ги рацете, држете ранец или палто над главата и мирно повлечете се.

3. Како да се заштитите од планински лав

Планинските лавови обично напаѓаат одзади, затоа никогаш не свртувајте им грб и не бегајте. Наместо тоа, треба да изгледате жестоко.

  • Стојте исправено и по можност одете на повисоко, одржувајте контакт со очите и отворете го палтото за да изгледате поголеми.
  • Доколку е потребно, фрлајте предмети и зборувајте строго со нив.
  • Ако планинскиот лав ве нападне, не останувајте мирни – возвратете. Обидете се да го удрите во носот, устата или очите.

4. Како да се заштитите од волк

Волците патуваат во глутница. И, ако видите еден, останатите веројатно се кријат во грмушките во близина. Значи, ако сте на големо растојание, полека тргнете се. Но, ако средбата е неизбежна, еве што треба да направите:

  • Полека одете назад и не свртувајте го погледот.
  • Ако волкот не се повлече, започнете да врескате гласно колку што можат вашите бели дробови.
  • Фрлетесе што имате и вратете се назад. Внимавајте на вашите чекори, сепак. Ако паднете на земја, волкот ќе го види тоа како поволна ситуација да ве нападне.
  • Во тој случај, возвратете агресивно.

5. Како да се заштитите од бизон

Бизонот нема да ве нападне ако не му се приближите премногу. Затоа треба да држите дистанца од нив. Не дозволувајте нивниот изглед да ве измами, иако се големи и тешки, тие се прилично агилни и можат да трчаат 3 пати побрзо од луѓето.

  • Покажете дека не сте закана и движете се полека. Побарајте дрвја, големи карпи или кој било друг голем предмет. Скријте се зад него и продолжете внимателно да се движите.
  • Качете се на дрво за да избегате од видикот на бизонот.

6. Како да се заштитите од дива свиња

Дивите свињи се агресивни. Затоа ако забележите една не стојте и не фотографирајте и веднаш бегајте. Доколку сте премногу блиску не се обидувајте да побегнете туку направете го ова:

  • Останете смирени и полека оддалечете се.
  • Ако се насочени кон вас, искачете се на дрво. Дивите свињи не можат да се искачат, па веројатно ќе ве остават на мира.
  • Доколку директно ве нападне дајте се од себе да се борите затоа што дивите свињи се откажуваат од борбата најчесто по една минута.