60-годишниот капетан скокна од 12 метри во морето за да го спаси животот на жената

Капетанот на бродот, У Минт Аје, го управувал својот брод во пристаништето Дала, кога 34-годишната жена, Хин Чан Мја паднала од бродот во водата.

Спретниот 60-годишен капетан веднаш го свртел бродот за да не удри во жената која се давела и за миг скокнал по неа во водата.

За среќа капетанот, заедно со уште двајца членови на екипажот, успеале да ја спасат жената и ја однеле до пристаништето каде им помогнале локални жители да излезат од водата. По нејзиното драматично спасување, Хин Чан Мја , за која велат дека била „шокирана, но свесна“ веднаш била однесена во болница.

Непосредно по неговото херојство капетанот е фотографиран како во раката држи добро заслужена кригла пиво, заедно со двајцата вработени.

„Во тој момент не размислував за какви било ризици по сопствениот живот. Скокнав само затоа што сакав жената да биде безбедна. Јас сум стар сега, во ред е ако умрам, младата жена треба да биде жива. Јас сум многу горд на себе што сум спасил толку многу животи за време на мојот работен век.“, вели капетанот.