60-годишна скопјанка на „поскап“ начин научила дека не треба да им верува на „адвокатите“ на Фејсбук
Постои причина зошто не треба да веруваме на работите кои ќе ги прочитаме на социјалните мрежи. Една 60-годишна скопјанка тоа го научила на „поскапиот“ начин.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.В.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во текот на февруари 2022 година, пријавениот, користејќи група на социјалната мрежа Фејсбук, измамил 60-годишна жена од Скопје дека е адвокат, при што за наводна правна услуга против нејзиниот поранешен работодавач, во три наврати ја навел да му исплати 28.500 денари.