62-годишен морнар кој исчезнал во океанот е пронајден после 43 часа

62-годишен морнар кој исчезна покрај источниот брег на Флорида е пронајден скоро два дена подоцна, врзан за неговиот неговиот превртен брод. Стјуарт Би бил чудесно пронајден жив 140 км од крајбрежјето, по 43 часа качен на неговиот превртен моторен брод.

Неговото семејство кренало паника откако не се вратил дома од своето патување во петокот, 27 ноември. Неговото семејство ја предупредило крајбрежната стража, со објаснување дека е невообичаено да го нема цела ноќ.

Американската крајбрежна стража потоа започнала со потрага, со помош на авион „Херкулес Ц-130“, но дури во неделата наутро на 29 ноември, забележан од товарен брод кој поминал покрај него. Екипажот кој работел на бродот со контејнери помогнал во спасувањето на 62-годишникот и го вратил на брегот, по 43 часа на отворено море.

Иако е искусен морнар, неговиот чамец претрпел некаков механички проблем и Би бил приморан да да се држи за предниот дел од бродот кога вода почнала да навлегува во него. За среќа на морнарот, по изгрејсонцето успеал да го забележи бродот и ја соблекол маицата за да им го привлече вниманието на морнарите.

Еден од вработените на бродот му ја дал својата „среќна кошула“ на Би, за да му помогне да се опорави. Стјуард изгубил и чувство за време па прашал кој ден е. За среќа тој не е повреден, само истоштен.