63-годишен Италијанец се разбуди од 5-годишна кома како „24-годишен дечко“. Најголем шок доживеал кога ја видел својата сопруга

63-годишниот Лучијано ди Адамо, кој поминал пет години во кома по сообраќајна несреќа, ненадејно се разбудил и се соочил со неверојатна реалност во која морал да се прилагоди на животот полн со изненадувања и непознати технологии.

Во март 2019 година, Лучијано бил удрен од автомобил. После тоа паднал во кома, а неговото семејство, како и многу други, продолжило да се надева на чудо. Чудото се случило во 2024 година, кога Лучијано одеднаш ги отворил очите, но имало еден проблем. Сите спомени после 1980 му се избришани од мозокт. Тој бил во шок кога открил дека светот околу него се променил непрепознатливо, а со оглед дека тој не се сеќава на ништо за него се е ново и неверојатно.

 

Првото нешто што го погодило човекот бил неговиот сопствен одраз во огледалото. Не се препознал, бидејќи во мислите останал 24-годишен дечко. Состанокот со неговата сопруга исто така предизвикало шок: наместо неговата 19-годишна невеста, тој видел „постара странкиња“, која, како што се испостави, била неговата сопруга, со која живеел долги години.

Откако се разбудил, Лучијано побарал телефон за да се јави на мајка си. Се шокирал кога му донеле модерен смартфон, а шокот се засилил кога дознал дека мајка му одамна починала.

„Не можев да верувам дека помина толку време“, ги споделува своите чувства.

Технологиите на 21 век станаа вистинско откритие за Лучијано. Тој се восхитувал на навигацијата со GPS која му помогнала да се движи низ непознат свет.

„Сè уште се сеќавам на чудењето на возењето во автомобил со карта на Рим на екранот и глас кој вели: „За 100 метри, свртете десно“, вели тој.

Откако се разбудил, на Лучијано му било полесно да комуницира со децата отколку со возрасните. Тој се обидува да се однесува според неговиот нов статус – дедо, иако во душа се уште се чувствува како млад човек.

И покрај тоа што Лусијано цел живот бил посветен навивач на фудбалскиот клуб Рома, по комата заборавик се за клубот. Единственото сеќавање што му се вратило е ознаката со името на креветчето на неговото прво внуче, родено во 2014 година. Овој мал фрагмент од минатото му стана суптилна трага за враќање на неговите спомени, но досега тоа не се случило.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *