68-годишниот дедо Дон прослави 50 години секој ден јадење сендивчи во Мекдоналдс, со сендич од Мекдоналдс, се разбира

Дон Горске (68) од Фонд ду Лак, Висконсин јаде Биг Мек речиси секој ден во последните 50 години и е влезен во Гинисовата книга на рекорди за најмногу изедени Биг Мек хамбургери во текот на животот.

Тој ја прослави 50-годишнината, со јадење на омилениот Биг Мек бургер во локалниот Мекдоналдс. Неговата страст за овој сендвич датира уште од 1972 години и сѐ уште трае. И покрај тоа што има изедено над 32.000 Биг Мек бургери, тој вели дека секој пат кога ќе го гризне, се чувствува како да му е прв пат.

Неверојатната приказна на овој страствен љубител на Мекдоналдс започнала на 17 мај 1972 година, откако го добил својот прв автомобил. За Гинисовата книга на рекорди тој го изјавил следново „Возев директно до Мекдоналдс, ги купив првите три Биг Мек хамбургери, потоа се качив во автомобилот и ги изедов. Во тој момент реков: „Веројатно ќе ги јадам овие до крајот на мојот живот“. Од тој ден па сѐ до денес не престанал да ги јаде, па дури ги чува сите сметки и хартијата во која биле спакувани.

Првиот рекорд го поставил после 25 години откако почнал да ги конзумира овие сендвичи, и секоја наредна година успевал да го сруши сопствениот рекорд. Не се поколебал во оваа навика ниту кога малку му било нарушено здравјето, тврдејќи дека холестеролот и крвниот притисок му се сосема нормални.

Најчесто јаде во локалниот Мекдоналдс, но вели дека има пробано Биг Мек бургери од сите 50 држави. Во изминативе 50 години само 8 дена не го конзумирал омилениот бургер.

Дон Горске е убеден дека не може никој да го сруши неговиот рекорд и затоа вели „ Благословен сум што имам добар метаболизам и добро здравје кои ми дозволуваат да јадам Биг Мек без да се здебелам. Можеби ќе бидам единствениот жив човек кој може да јаде Биг Мек секој ден, 50 години, без негативни последици“. Овој човек со уникатна навика, планира да јаде Биг Мек хамбургери од Мекдоналдс, сѐ до својата смрт.