7-годишно дете со церебрална парализа собра над 17.000 евра така што се искачи на највисокиот врв во Британија

Седумгодишно момче со церебрална парализа собра повеќе од 17.000 евра за добротворна организација за еднаквост на попреченост, искачувајќи се на највисокиот врв на Британските Острови, Бен Невис. Каден Томсон, од Корби, Нортемптоншир, е роден 12 недели предвреме и морал да помине исцрпувачка физиотерапија во текот на неговите први седум години на Земјата, како и хидротерапија и терапија за говор и јазик.

Медицинските експерти им рекле на неговите родители дека тој никогаш нема да оди, но Каден сега ги надмина сите очекувања, планинарејќи на 1.345 метри, на највисоката планина во Велика Британија.

Според неговата страница на JustGiving, Кеден е „многу среќно момче, кое се труди најдобро да не дозволи неговата попреченост да го спречи да биде во чекор со неговите 2 постари брат и сестра и неговите пријатели“.

Каден, наводно, поминал обука за неговото искачување, со неговите физиотерапевти, кои наводно, „среќно ја охрабрувале таквата задача“. Првичната цел за собирање парични средства била 9.000 евра, но сега е надмината и продолжува да расте.

Мајката на Каден, Лиза Томсон, го опиша својот син како „апсолутна легенда“ и рече дека предизвикот бил „многу потежок отколку што навистина очекуваше некој од нас“.

Парите соберени од подвигот на Каден ќе бидат донирани за третмани за деца со исти и слични проблеми, како и за третмани на самиот Каден. Браво за КАден, тој е вистинска инспирација за многу луѓе!