7-годишно девојче со својата идеја успеа да собере 20.000 долари за болничка опрема

Седумгодишно дете собра повеќе од 20.000 долари за детска болница со седиште во Чикаго, правејќи нараквици од гумени ленти. Хејли Орлински тргнала со цел да собере 200 американски долари за детската болница Ен и Роберт Х Лури, но 8.000 нараквици подоцна, таа ја надминала својата цел за 100 пати.

Нараквиците на ученичката од второ одделение станаа некаков вид сензација на Интернет, па дури и ги продаде своите дизајни на клиенти од Италија. Бизнисот за производство на нараквици на Хејли започна како поединечен проект, но наскоро пријателите од летниот камп се пријавиле и тие да изработуваат нараквици од гума.

Седумгодишното девојче се одлучи да ги донира сите собрани пари во болницата за деца, бидејќи таму поминала одреден период по нејзиното раѓање, односно во делот за интензивна нега. Парите се наменети за опрема за лична заштита и истражувачки напори.

Ова е доказ дека светот може да се сплоти кога едно мало девојче со чисти и добри намери ќе одлучи да даде сѐ од себе за да го направи светот подобро место за живеење.