7 митови за коронавирусот кои ја сокрија вистината за епидемијата

Сите креваат паника во врска со коронавирусот, но ретко кој знае подетални информации за него. Секако пред да ставите маска и „шише“ на главата како Кинезите треба да бидете свесни за што станува збор. Ние ги слушнаме само страшните бројки, како на пример дека има 17.488 заразени со висрусот и 362 смртни случаи, но иако и ова не е нешто безопасно сепак, не е толку „апокалиптично“ како што се пренесува.

Коронавирусот потекнува од семејство на вируси кои предизвикуваат огромен спектар на заболувања од лесна обична настинка до тешка САРС и МЕРС. Се смета дека потекнувало од животни, а трагите од болеста биле пронајдени на пазар за животни во Вухан, кој исто така продавал живина и морска храна. Почетна симптоми на инфекција вклучуваат треска, кашлица, стегање во градите, течење на носот, главоболка и останување без здив. Се пренесува во кашлица и кивање преку капките.

Коронавирусот не е најстрашната работа што му се случила на човештвото

Историјата на човештвото бележи многу поголеми епидемии со поголема смртна стапка од коронавирусот. Овој вирус има стапка на смртност од само 2%. На табелата подоле првин го пишува името на вирусот, годината на идентификување, случаи на заразени, смртни случаи, смртната стапка и број на земји во кои се појавиле вирусите.

 

Не можете да се заразите со коронавирусот преку кинеска храна и кинески производи порачани од Алиекспрес

Не мора да си ги фрлите боксерките доколку на нив пишува дека се направени во Кина, ако е така тогаш најверојатно треба да останеме без половина од сите производи кои ги користиме на дневна база. Според последните направени анализи, коронавирусот не живее долго по површините на ваков тип на предмети. Исто така храната која се увезува од Кина, како на пример туната е сосема безопасна.

Кревање непотребна паника дека од коронавирусот умираат сѐ повеќе млади и здрави лица

Досега 71% од заболените се мажи и најголем дел се постари лица, од 50 години па нагоре. Исто така најголем дел од починатите се лицата со претходно постоечки медицински состојби (како астма, дијабетес, срцеви заболувања).  Најмладата личност која починала од врусот е 2-годишно дете, но не е позната неговата претходна здравствена состојба.

Факт е дека обичната настинка „носи“ повеќе смртни случаи

Секоја година, околу 290,000 до 650,000 луѓе умираат во светот како резултат на компликации од сезонски вируси на грип. Оваа бројка одговара на 795 до 1.781 смртни случаи дневно како резултат на сезонски грип.

Не е точно дека штом еднаш ќе се заразите „ви нема спас“

Моментално има 523 лица од Кина кои се пуштени од болниците откако се опоравиле од коронавирусот.  Пациентите можат да бидат пуштени од болница кога симптомите ќе се ублажат, температурата на телото останува во нормален опсег најмалку три дена, а тестот си нуклеинска киселина покажува двапати негативен резултат, според кинеската Национална здравствена комисија. Ширењето на вирусот можете да го следите тука.

Видеото на кое е прикажана жена како јаде лилјак нема воопшто никаква врска со коронавирусот

Видеото кое стана вирално, на кое се гледа жена како јаде цел лилјак, не е поврзано со епидемијата.  Жената од видеото е кинеската славна личност Ванг Менгујун и таа добива смртни закани затоа што луѓето ја обвинуваат за ширење на заразата. Но, видеото воопшто не е снимено во Вухан туку пред четири години на локацијата во Палау, Микронезија.

Лажни видеа со „лекари“ и „медицински сестри“ од Вухан

Различни верзии на видео од „свиркачи“ од провинцијата Хубеи кружат на социјалните платформи и Јутуб како „веродостојни“ извори за ситуацијата во Вухан. Додека има видео од граѓани кои кажуваат каква е ситуацијата луѓето во овие видеа тврдат дека се медицински лица, иако според начинот на кој зборуваат не делуваат дека имаат медицинско образование, ниту пак заштитните костуми кои ги носат не одговараат на оние кои ги имаат здравствените лица во Вухан.