7 начини на кои „тивко“ трошите повеќе отколку што мислите (и како да престанете)

Сите сакаме да веруваме дека носиме паметни финансиски одлуки. Но, дури и најштедливите меѓу нас понекогаш паѓаат во замки кои тивко ни ги трошат парите, без ни да забележиме сè додека не биде предоцна. Од секојдневни навики до привидно безопасни удобности, овие ситни грешки можат да ве чинат многу повеќе отколку што мислите.
Време е да ги откриеме тие тивки „трошачи“ што ви ги поткопуваат заштедите. Еве што не треба да правите, ако сакате навистина да заштедите.

 

1. Купувате кафе секој ден, наместо да го направите дома

Звучи како нешто ситно – само неколку денари за утринското кафе во движење. Брзо, вкусно, како мала награда за напорен ден. Но кога оваа „мала навика“ ќе стане секојдневие, трошокот се наталожува.
Едно кафе тука, едно таму – на крајот од годината сте потрошиле стотици евра, што можеле да завршат во вашата заштеда. Не се работи за тоа да се откажете од уживање, туку да го изберете со намера. Направете кафе дома и уживајте го како посебен момент, а излегувањето оставете го за навистина специјални денови.

1. Купувате кафе секој ден, наместо да го направите дома

2. Купувате работи што не ви требаат – само затоа што се на попуст

Кога нешто е на попуст, изгледа како да заштедувате. Но ако не ви треба, тогаш не сте заштедиле – туку сте потрошиле. Попустите често нè наведуваат на импулсивно купување.
Купување без реална потреба, водено од цената, не е штедење. Со тек на време, овие „мали“ трошоци создаваат дупки во буџетот.

2. Купувате работи што не ви требаат – само затоа што се на попуст

3. Плаќате премногу за кирија и животни трошоци

Нема ништо лошо во тоа да сакате убав дом. Но ако киријата и трошоците за живот земаат повеќе од 30–40% од вашите месечни приходи, тоа ве става под финансиски притисок.
Кога ќе додадете и сметки, интернет, осигурување и храна – месечниот буџет веќе е на раб. Наместо да вложувате во скапо живеалиште, размислете дали можете да најдете баланс помеѓу удобност и финансиска стабилност.

3. Плаќате премногу за кирија и животни трошоци

4. Направи-сам проекти кои ве чинат повеќе отколку што мислит

Сами да се фатите за некој мал проект во домот звучи економично – но само ако знаете што правите. Без вистински вештини, лесно може да направите поголема штета отколку корист.
Криви полици, протекување, оштетени ѕидови – сето тоа може да доведе до дополнителни трошоци за поправки, или пак мора да повикате професионалец за да го поправи она што сте го направиле. Понекогаш е поевтино веднаш да платите на стручен човек, отколку подоцна да плаќате двојно.

4. Направи-сам проекти кои ве чинат повеќе отколку што мислит

5. Често јадете надвор, наместо да готвите дома

Недостигот на време прави да мислите дека е поедноставно да нарачате или да јадете надвор. Но, редовното јадење по ресторани или киосци, освен што е поскапо, често е и помалку здраво.
Планирајте го готвењето. Викендот е идеален за подготвување оброци за цела недела. Насечете зеленчук, сварете дел од храната однапред или направете неделно мени. Така ќе заштедите пари – и ќе јадете поздраво.

5. Често јадете надвор, наместо да готвите дома

6. Се шетате по повеќе продавници барајќи поевтино

Мислите дека е паметно да купувате таму каде што е најевтино. Но ако патувате од една продавница до друга – трошите гориво, време, и енергија. На крајот, тие неколку денари „заштеда“ ве чинат повеќе отколку ако сте купиле сè на едно место.
Купувањето во една иста продавница може да ви донесе и поени за лојалност и попусти, што на долг рок значи повеќе заштеда.

6. Се шетате по повеќе продавници барајќи поевтино

7. Го држите фрижидерот празен, мислејќи дека така штедите

Некои мислат дека ако фрижидерот е празен, ќе троши помалку струја. Во реалноста, празниот фрижидер троши повеќе, бидејќи работи потешко за да ја одржи температурата.
Исто така, ако често купувате по малку, може да трошите повеќе, бидејќи не ги искористувате попустите за количински купувања. Најдобро е да купувате еднаш месечно, со јасен список и однапред одреден буџет. Но внимавајте – не паѓајте во замката да купувате работи што не ви требаат, само затоа што се на попуст.

7. Го држите фрижидерот празен, мислејќи дека така штедите

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *