7 најлуксузни скијачки центри во светот избрани од милијардери и ѕвезди

Ова е периодот за зимски спортови, но додека некој се мисли дали да оди во Маврово или на Шапка славните и богатите имаат други луксузни дестинации на ум. Еве неколку такви локации, кои што доколку некогаш имате можност да ги посетите најверојатно ќе сретнете барем некој од најмоќните луѓе во светот.

Аспен, Колорадо, САД

Аспен е дом на некои од најлуксузните хотели во цела Северна Америка и има скапи ресторани и богат ноќен живот на секој чекор. Секако, нуди незаборавно скијачко искуство во текот на денот. Некои од најпознатите и најлуксузните хотели се Малата Нел, Џером и Св. Регис Аспен одморалиште.

Кортина д’Ампецо,  Италија

Во Кортина ќе најдете комбинација од врвно скијање во прекрасна природа и планински врвови со неверојатен поглед како и врвни хотели како Cristalla, Faloria Mountain and Spa Resort и слично каде што можете да се разгалите и да се опуштите.

Шамони, Франција

Шамони е совршена локација и за почетници и за страсни и искусни скијачи, но по еден ден скијање градот нуди луксузен шопинг, врвни ресторани и одлични хотели како што се Le Hameu Albert 1er, Private chalet и хотел Mont Blanc Chamonix.

Гштад, Швајцарија

Во овој град одлично ќе се забавуваат и оние што не скијаат, без разлика дали ќе одлучат да се обидат да лизгаат или едноставно да го поминат времето во шопинг. Снежните патеки долги 90 километри се идеални за скијачи со средно ниво, а најдобрите хотели се Le Grand Bellevue, The Alpina Gstaad и Ultima.

Св. Мориц, Швајцарија

Уште откако во него беше снимен филмот за Џејмс Бонд „Шпионот кој ме сакаше“, Св. Мориц е симбол на врвен гламур и сè уште ја оправдува својата репутација денес. Доколку седите во некој од феноменалните локали, лесно би можеле да ги сретнете Кејт Мос или Клаудија Шифер. Има многу хотели со 5 ѕвезди, најпознати се Палатата Бадут, Карлтон Хаус и Гранд Хотел де Бејнс Кемпински.

Кицбил, Австрија

Кицбил е еден од најживописните и најшармантните скијачки градови, кој е и мегапопуларна летна туристичка атракција. Стекнува популарност во 1928 година по посетата на кралот Едвард VIII. и оттогаш е неизбежно место за џет сетери.

Нисеко, Јапонија

Овој луксузен ски-центар е популарен меѓу светските џет сетери поради особено финиот и мек снег, популарно наречен „шампањ во прав“. Сезоната трае од ноември до почетокот на мај и тука можете да пробате сосема поинакво скијање по што ќе уживате во феноменално суши. Најпознатото одморалиште е селото Хигашјама Нисеко.