7 славни актери и актерки кои ги добиле своите врвни улоги „на среќа“ и благодарение на некои чудни причини
Директорите на кастингот играат важна улога во успехот на филмот. Порано мислевме дека актерите ги избираат според нивните актерски способности. Но, понекогаш режисерите ги наоѓаат вистинските луѓе на улица или дури и на „Google“.
1. Рајан Гослинг во „The Notebook“

Рајан Гослинг одамна е сечија симпатија, а порано мислевме дека лесно добива улоги поради својот изглед. Но, тоа не било секогаш случај. Режисерот на филмот, Ник Касаветес го избрал од одредена причина, објаснувајќи :„Сакам да ја играш оваа улога затоа што не си како другите млади актери таму во Холивуд. Не си згоден, не си кул, ти си само обичен тип кој изгледа малку налудничав“.
2. Семјуел Л. Џексон

Кога дошло времето за аудиција за улогата на Жил Винфилд, Квентин Тарантино задоцнил. Семјуел Л. Џексон решил да руча, а додека се вратил, пристигнал и Тарантино. Џексон бил толку гладен и изнервиран од доцнењето на режисерот што кога го повикале, со себе ја донел својата плескавица и својот шејк.
„Јас и Квентин седевме на каучот, а тој влезе и само што почна да го пие шејкот и да ја гризе плескавицата и да не гледа сите нас. Бев исплашен до смрт…Очите му излегуваа од главата“.
3. Бен Афлек во „Gone Girl“

Бен Афлек ја имал една од своите најсилни изведби како Ник Дан, сопругот кој ја бараше својата исчезната сопруга додека сите околу него се сомневаа дека можеби е вмешан во тоа. Режисерот Дејвид Финчер откри дека Афлек ја добил улогата поради неговата насмевка.
„Во „Gone Girl“, има насмевка што момчето треба да ја даде кога локалниот печат ќе го замоли да застане до плакат на неговата исчезната сопруга. Прелистав преку „Google Images“ и најдов околу 50 слики на кои Афлек дава таква насмевка во јавни ситуации“, вели режисерот.
4. Ема Вотсон во „Хари Потер“

Тешко е да се замисли некој друг да ја игра победничката на Грифиндор, Хермиона Гренџер. Но, авторката на книгите за Хари Потер, Џоан Роулинг, сметала дека Ема Вотсон е „премногу убава“ за да го игра ликот.
Меѓутоа, Роулинг се предомислила кога Вотсон неочекувано и се јавила. „Апсолутно се заљубив во неа, таа зборуваше 60 секунди без здив и јас реков: „Ема, ти си совршена“, се сеќава Роулинг.
5. Мел Гибсон во „Mad Max“

Некои луѓе се наоѓаат на вистинското место во вистинско време. Мел Гибсон бил тој среќник и на крајот ја добил иконската улога во франшизата „Mad Max“. Гибсон ненамерно ја украл улогата од својот пријател кога на аудицијата се појавил целиот во модринки.
Еден ден пред Гибсон да мора да го вози својот пријател на аудицијата, тој завршил во брутална тепачка во бар. Неговото претепано лице го привлекло вниманието на директорите на кастингот кои го фотографирале пред да кажат :„Човеку, ни требаат чудаци во овој филм! Кога ќе оздравиш, дојди да те видиме“.
6. Џејсон Момоа во „Game of Тhrones“

Џејсон Момоа стекна голема слава поради улогата на Кал Дрого, бруталниот водач на својот народ, во „Игра на тронови“. Актерот беше соочен со задача да мора да ја пренесе личноста на ликот без да каже збор. Така, тој изведе Хака, традиционален танц на Маори што случајно го знаел. Кастинг директорите останале без зборови од неговата моќна изведба.
7. Вејн Најт во „Jurassic Park“

Испотеното лице на Вејн Најт го направило совршен за овој филм. Стивен Спилберг му ја дал улога на негативецот Денис Недри откако го видел во сцена од „Основен инстинкт“, каде што актерот нервозно сведочи дека Шерон Стоун ги прекрстува нозете. Додека гледал, Спилберг си помислил: „Што ако тоа беше диносаурус?“

Коментирај анонимно