70 годишен човек е светски рекордер по број на изедени „Биг Мек“ сендвичи во животот: „Досега мислеа дека ќе бидам мртов, затоа што имам изедено над 34.000“

Дон Горске (70) повторно ја доби титулата во Гинисовата книга на рекорди за најмногу изедени „Биг мек“ хамбургери во текот на животот, откако изел 728  само во текот на 2023 година. Тој досега има изедено 34.128 „Биг Мек“.

 

 

 

„Луѓето кои ме гледаат како јадам „Биг Мек“ често коментираат дека изгледам како да го јадам за прв пат, затоа што секогаш сум возбуден“, рече Горске.

Еден „Биг Мек“ – кој се состои од две говедски плескавици, сос, кисели краставички, зелена салата, кромид и американско сирење, сместен во лепче од сусам – содржи 590 калории.
Изненадувачки, пензионираниот затворски службеник немал никакви здравствени проблеми од консумирањето на сите овие хамбургери.

„Многу луѓе мислеа дека ќе сум мртов до сега, но наместо тоа, јас сум рекордер веќе 24 години – еден од подолготрајните рекордери на Гинисовата книга на рекорди. Од почит кон мајка ми, од 1973 до 1981 година, јадев по еден оброк на ден што не беше „Биг Мек“ бидејќи таа беше загрижена за моето здравје. На 1 април 1981 година, таа ми дозволи да се откажам од тоа ветување кога рече: „Штом не те уби досега, продолжи“.

 

 

 

За да остане здрав, тој пешачи 10 километри дневно и никогаш не јаде помфрит што доаѓа со сендивчот.

„Јас сум здрав како коњ. Имам 90 килограми, а мојот холестерол е 165“, изјави Горске, од Фонд ду Лак, Висконсин во 2018 година.

 

 

 

На Горске првпат му беше доделена Гинисовата титула во 1999 година. Тој го изел својот прв „Big Mac“ пред речиси 52 години во мај 1972 година и никогаш не застанал.

„Во тој момент, реков: „Веројатно ќе ги јадам овие до крајот на мојот живот“. Ги фрлив картоните на задното седиште и почнав да ги бројам од првиот ден“, изјави тој за Гинисовата книга на рекорди.

 

 

Од тој ден Горске водел евиденција за секој „Биг Мек“ што го јадел, дури и ги чувал сите кутивчиња и сметки. Тој е толку добро познат во неговиот локален „Мекдоналдс“ што дури и имаат фотографија од него на ѕидот – тој дури и ја запросил неговата сопруга Мери на паркингот.

Горске почнал да јаде по девет „Биг Мек“ дневно, но сега намалил на два: еден за ручек и еден за вечера.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *