70-годишна баба на суд за крадење компот (виц)
Седумдесетгодишна баба била уапсена за кражба од продавница. Ја уапсиле и ја однеле во судница, дедото дошол да сведочи, па судијата ја прашува:
– Бабо, што украде?
– Една тегла компот од праски – одговорила бабата.
– Зошто мори бабо на стари години крадеш од продавница?
– Гладна бев синко, пензијата ниска, не стига.
Судијата се замислил како да ја казни и ја прашал:
– Колкиу праски имаше во теглата?
– Па околу 3.
– Е па тогаш 3 дена затвор, за секоја праска по 1 ден.
Од задните редови на судницата дедото крева рака.
Судијата:
– Кажи дедо.
Дедото:
– Судија, јас само да кажам дека претходната недела бабата моја украде конзерва со грашок.

Коментирај анонимно