70 годишна жена ја споделува најголемата лекција што ја научила во текот на животот и посакува да ја знаат сите 30 годишници
Многумина посакуваат да можат на 30 години да го имаат животното искуство и мудроста на 70-годишен човек. Со тоа би избегнале многу грешки и носеле подобри одлуки. Добрата вест е дека ваквата мудрост постои – само треба да се слушне.
Една TikTok корисничка под името Golden Years Guidance (@foxandfawnwhalley), која во декември ќе наполни 70 години, редовно споделува животни совети за младите. Во едно од нејзините најгледани видеа, таа ја открива најважната лекција што ја научила низ годините:
„Се подготвувам за роденденот, ќе наполнам 70. Размислував што би сакала да знаев кога имав 30 и бев мажена со три деца. И знаете што? Најголемата лекција е дека луѓето не размислуваат за вас толку многу колку што мислите“.
Никој не се грижи за вас колку вие самите
Таа вели дека порано постојано се грижела што ќе кажат другите – за нејзиниот изглед, говор, грешки. „Но вистината е дека сите се премногу зафатени со себе за да се грижат за вас“. Таа прашува: „Дали вие анализирате туѓа незгодна ситуација со часови? Не? Ни другите не го прават тоа“.
Нејзиниот совет: Престанете да се ограничувате. Облекувајте што ви се допаѓа, сакајте кого сакате, кажете го своето мислење и бидете свои. „Живејте за себе, не за другите. Не е важно што мислат – без разлика кои се“.
Ефект на рефлектор
Многумина во коментарите се согласија. „Цел живот се грижев за мислењето на другите. Сега имам 41 и конечно разбрав дека не вреди“, напиша една жена. Психологијата ова го нарекува ефект на рефлектор, кога мислиме дека сите не забележуваат, иако всушност не е така.
Вистинската мудрост не е само да ја слушнеш – туку да ја примениш.
Коментирај анонимно