72-годишен старец изгубен во опасната тајландска џунгла успеал да преживее цели три дена 

72-годишен маж е спасен од тајландската џунгла, откако поминал три дена изгубен меѓу дрвјата.

Британецот Леонард Бери Велер патувал со мотор за да ги види пријателите кога се изгубил во провинцијата Кон Каен во североисточен Тајланд на 1 септември.

72-годишникот го паркирал својот мотор за да оди по ридот во џунглата, но кога заборави како да се врати, „само продолжи да оди напред“.

Следниот ден била испратена група за пребарување откако сопругата на Велер, Тави Леонар, ја контактирала полицијата.

Во обид да го најде излезот од џунглата, 72-годишникот се искачи на дрво за да има подобар поглед, но монсунската дождовна бура го спречила да го најде патот назад и тој бил принуден да ја помине ноќта во џунглата, каде што живеат опасни змии и мечки.

Бидејќи групата за пребарување првично не успеала да го најде, Велер преживеал користејќи трева како сламка преку која пиел вода собрана на листовите. Тој преживеал без храна и се потруди да остане хидриран бидејќи температурите достигнале до 35 ° C.

Потсетувајќи се на својата прва ноќ во џунглата, Велер објасни: „Се стемни, па направив легло од листови за да спијам, и кога бев жеден, пиев дождовница“.

На 3 септември, два дена по исчезнувањето, Велер бил пронајден од локален ловец и трагач, кој го забележа пензионерот како талка низ џунглата без чевли. Мештаните повикале полиција, по што спасувачката екипа успеала да го одведе на безбедно.

 

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.