73-годишен скејтер „ги стави младите во џеб“ со неговата неверојатна техника

Снимките од 73-годишниот скејтер и неговата неверојатна техника се вртат на интернет и луѓето се воодушевени.

Игор стана хит на социјалните мрежи откако беше објавено видео на кое се гледа како без напор го вози својот скејтборд и покрај тоа што има 73 години.

73-годишникот може да се види како вози скејтборд во Санкт Петербург, изведувајќи неверојатни техники кои би биле доволно тешки за секој млад скејтер.