768 чекори до врвот: Највисоката црква во светот, чиј врв подарува неверојатен поглед
Кога некој ќе ви спомне познати цркви, претпоставуваме кои ќе ви паднат на ум. Едната е секако базиликата Свети Петар, која го краси Рим, поточно Ватикан. Другата на ум ќе биде Саграда Фамилија, легендарното ремек дело на Антонио Гауди со кое Барселона се гордее.

Но, ова е приказна за друга, која можеби не е толку позната на сите, а нејзината кула е највисоката во светот. Имено, тоа е црква во Улм, Германија. Оваа лутеранска црква е толку висока, што до 20 век може да се пофали дека е петта највисока зграда на планетата! Меѓутоа, некаде во иднина, споменатата Саграда треба да ја лиши оваа катедрала од титулата највисока.

Иако оваа црква честопати се нарекува катедрала, првенствено поради нејзината големина, точно е да се каже дека таа е сѐ уште црква, а владиката никогаш не седел во неа. Се разбира, самата конструкција бараше многу време за да се изгради, па се протега од готскиот период (доцниот среден век) до 1890 година. Врвот на зградата мери директно – 162 метри.

Иако црквата е масивна, таа првенствено била изградена толку голема поради опасностите од војната. Имено, кога започнала изградбата, излегувањето надвор од градските sидини значело можна смрт, па се мислело дека ќе се направи доволно големо засолниште за жителите.

На почетокот била изградена како католичка, но во 1530 година „преминала“ во протестантизам. Имено, во тој период се случила протестантска реформа, а самите граѓани на Улм на референдум го избрале протестантизмот. Меѓутоа, во 1543 година изградбата била запрена од финансиски причини.

За жал, во Втората светска војна, градот претрпел значителна штета во бомбардирањето на сојузниците. Дури 80 проценти од зградите биле речиси уништени, но црквата, за чудо, не била оштетена. Денес е отворена за посетители и несомнено ја раскажува својата историја. Ако сакате најдобар поглед, треба да се искачите директно по 768 скалила, без лифт – но ако сте фит, вреди.
Во секој случај, посетете ја оваа црква, бидејќи сигурно нема да погрешите со таа одлука.
