78-годишен Холанѓанец се натрескал во бар и талкал низ шумите во Тајланд четири дена

Кон крајот на август, Францискус Јоханес ван Росум (78) од Холандија, кој живее во тајландската провинција Фетахабури, отишол во локалниот бар на едно пиво, но му тргнало, па испил пет шишиња чанг, пијалок сличен на пиво. Потоа се качил на моторот и исчезнал.

Сопругата на Холанѓанецот, 61-годишната Рахот, се загрижила кога нејзиниот сопруг не се вратил дома и се јавил во пабот. Нејзе и било кажано дека мажот заминал во непознат правец. Следното утро, Ван Росум ѝ се јавил на жена си и ѝ рекол дека е пијан и изгубен во шумата. Жената се обратила за помош во полиција, која испратила војници во потрага по нејзиниот изгубен сопруг.

Наскоро, телефонот на Холанѓанецот бил испразнет, ​​а неговата сопруга изгубила контакт со него. Три дена подоцна, на 3 септември, локалните жители го пронашле човекот, забележувајќи го неговиот мотоцикл и му помогнале да излезе од шумата.

„Мислев дека ќе умрам. Батеријата на телефонот ми се испразни, моторот остана без бензин и почна да врне. Немаше што да се јаде. Чувствував огромно олеснување кога ги слушнав локалните жители. Ми го спасија животот. Пресреќен сум што сум безбеден и повторно сум со сопругата “, рече Ван Росум.

Човекот не се здобил со сериозни повреди. Имал многу каснувања од комарци и гребнатини по телото, тој бил гладен и дехидриран, но ништо од тоа не било опасно по живот.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!