8 детали на лицето кои можат да го откријат вашиот карактер, дури и кога се обидувате да го скриете
Убавината и интелигенцијата не се поврзани. Но, некои луѓе несвесно можат да бидат под влијание на „ефектот на ореол“, пристрасност што им дава позитивни особини на убавите луѓе. Сепак, изгледот има некакво значење во однос на карактерот- сѐ е во лицето, морфолошки гледано.
1. Широко лице
Тестостеронот и естрогенот имаат збор и во однесувањето и во тоа како изгледаат нашите лица. Високиот тестостерон е поврзан со посилните коски на вилицата, а високиот естроген со помазните чела, бујните усни и помеките, заоблени контури. Кај жените, овие особини генерално се поврзани со повисоки оценки на женственост, привлечност и здравје, и тие откриваат поголема плодност.
Пошироките јаболчници се исто така поврзани со дополнителен тестостерон. Ова се смета за показател за поголема агресивност, а исто така и за великодушност. Мажите со оваа особина на лицето се сметаат за посамоуверени и така се чувствуваат и самите.
2. Тркалезно лице
Жените со тркалезно лице се подарежливи. Луѓето со оваа особина можат да бидат вистински пријатели. Сепак, тие исто така можат да дадат премногу од себе и да ги стават потребите на другите луѓе пред нивните, занемарувајќи ја нивната благосостојба.
Овие типови на лица се сметаат за поневини и, поради тоа, подоверливи. Тркалезната форма на главата на една личност, исто така, може да биде показател за потенцијални проблеми со апнеја при спиење. Всушност, луѓето со оваа карактеристика може да имаат тенденција да ‘рчат повеќе.
3. Овална форма на лице
Ако лицето изгледа долго, а јаготките пошироки од вилицата, формата на лицето е овална. Луѓето со ваква форма на лице веројатно другите ги доживуваат како поекстровертни и пријателски настроени. Тоа не значи дека луѓето со овални лица се природно социјални пеперутки. Но, тие се склони да бидат подружељубиви и лесно наоѓаат зборови, знаејќи како да ги користат за да направат другите да се чувствуваат добредојдени и удобно.
4. Лице во облик на срце или срцевиден облик
Лицето во форма на срце се карактеризира со големо чело и помала брада, како превртен триаголник. За нив се вели дека се самоаналитичари и цврсти умови. Луѓето со овој облик на лице имаат тенденција да имаат неверојатна внатрешна сила и се прилично тврдоглави. Тие имаат многу енергија, внатрешна моќ и силна интуиција, знаејќи кога да дејствуваат за да ги истуркаат своите цели.
Тие се исто така многу креативни и приврзани, но можат да бидат и емотивно нестабилни и неодлучни. Луѓето со овој облик на лице можат да бидат многу топли и лесно да направат другите луѓе да се чувствуваат посебно, бидејќи сакаат да се изразуваат надворешно. Тие го сакаат занесот што доаѓа со заљубувањето, но можеби нема да се задржат кога работите ќе се смират или ќе станат поприземни.
5. Дијамантска форма на лице
Овој тип на лице е поширок во средината и е насочен кон челото и брадата. Се вели дека луѓето со овој облик на лице уживаат да имаат контрола. Сакајќи и стремејќи се кон совршенство, тие се ориентирани кон деталите и произведуваат квалитетна работа. Остри како дијаманти и многу прецизни со зборови, можат да сечат ако некој им погреши.
На многу места овој облик на лице се смета за просечен по изглед. Ова може да биде добра работа, бидејќи луѓето, генерално, имаат тенденција да ги сметаат лицата со просечен изглед подоверливи од оние со посебни или уникатни карактеристики.
6. Правоаголна форма на лице
Луѓето со поширок тип на лице имаат многу природна енергија и висока издржливост. Тие исто така имаат тенденција да преземаат големи проекти и имаат силна духовитост и аналитички ум. Способни да останат смирени и фокусирани, дури и во опкружувања со висок стрес, тие можат да бидат лидери од природно потекло.
Добри мислители и планери, тие се склони да се држат до логиката и да не зборуваат за своите чувства. Мажите со оваа форма на лице имаат тенденција да се чувствуваат „помоќни“, но всушност се перципирани како „помалку доверливи“.
7. Бебешко лице
Карактеристиките на „бебешкото лице“ може да се помешаат со тркалезното лице, но тука вклучува специфични детали, како што се големи очи и мал нос и брадата. Луѓето со овие особини можат да бидат сфатени како понаивни, помалку доминантни, па дури и покорни. Но, тие се всушност искрени, топли и љубезни. Жените со овие особини, во различни култури ширум светот, се сметаат за најатрактивните типови од сите.
Општо земено, мажите со бебешки лик имаат тенденција да бидат подобро образовани и понаметливи и се повеќе склони да бидат непријателски расположени. Се смета дека ова е тенденција за прекумерна компензација – толку многу што тие исто така имаат поголема веројатност да бидат криминалци. Само помислете на Ал Капоне или гангстерот Џорџ Нелсон (исто така познат како „Бејби фејс Нелсон“).
8. Брчки на кожата
Линиите во лицето исто така можат да кажат многу. Луѓето кои имаат силна и дефинирана соларна линија во центарот на челото имаат висока виталност и имаат тенденција да бидат амбициозни, но и авантуристи. „Нозете на врана“, линиите во аглите на очите, се радосен сигнал. Меѓутоа, ако тие се премногу длабоки, тие можат да бидат поврзани со напнатост или тешко донесување одлуки. Во принцип, тие означуваат внимание на деталите.
Глабеларните линии или „брчки на муртење“ може да алудираат или на тврдоглавост или на стрес, бидејќи тие се зајакнати со контракција како негативна реакција. А брчките од смеење околу устата можат да кажат нешто за здравјето и животната сила. Често, тие претставуваат оптимизам и некој со кој луѓето уживаат да бидат во близина.