8-годишно дете е најплатениот Јутубер кој заработи неверојатни 26 милиони долари оваа година
Најчесто 8-годишните деца се радуваат кога ќе добијат 100 денари од баба и дедо за да си купат чоколадо, но ова не важи за Рајан Каји. 8-годишниот Рајан заработи 26 милиони долари оваа година како Јутубер.
Младото момче е на врвот на листата на Форбс за годишни топ десет заработувачки и ја надмина и претходната најплатена Јутуб ѕвезда Феликс Кјелберг познат како „PewDiePie“, кој заработа „само“ 13 милиони долари оваа година.
Каналот на 8-годишниот наречен „Светот на Рајан“ започна кога имал само три години. Првите видеа биле од него како едноставно одпакува играчки пред камера, но подоцна младата ѕвезда почнала да прави научни експерименти, музички видеа и слично.
Осумгодишниот претприемач има своја линија на облека и играчки, како и договори со Волмарт и Таргет и може да се пофали со скоро 23 милиони претплатници на неговиот канал.
Второто место на списокот на „Форбс“ им припаднало на пријателите од „Dude Perfect“ кои заработија 20 милиони долари за оваа година.
Нивната содржина ја сочинуваат пет пријатели во своите 30-ти години – Коби Патон, Кори Котон, Гарет Хилберт, Коди Џонс и Тајлер Тони – кои играат спорт, изведуваат акробации и рушат светски рекорди.