8-годишно девојче мислело дека никој нема да ѝ го честита роденденот, но и во овие моменти некој мисли на неа

Да се има роденден за време на изолација навистина е за никаде, без разлика на која возраст сте. Но една улица во Саутхемптон успеа да стави насмевка на лицето на осумгодишно девојче за да го осветли нејзиниот посебен ден. Роб и Алисон Томас се загрижиле кога нивната ќерка се растажила затоа што ќе нема со кого да го прослави 8-миот роденден.

Тие на Фејсбук ја изразиле својата загриженост, а нивните соседи имале одлична идеја. Тие се договориле точно во 10 часот наутро да излезат надвор и да пеат: „Среќен роденден“. Реакцијата на малата Софија е навистина срцезатоплувачка.