8-годишно момче не престанало да кашла цели 5 години! Причината сите ги шокирала!

Марли Ењаковиќ (8) од Аделаида, почнал да кашла пред 5 години. Со тоа што постојано му давале нова дијагноза затоа што ништо не успевало. Мајката на Марли, Скај, рече дека нејзиниот син почнал да има напади на кашлање додека јадел, но како што одминувало времето тој кашлал со часови и тоа било едноставно страшно.

Стигнале до тоа ниво тој да не може да игра никаков спорт бидејќи се борел за здив. А во декември кашлицата станала толку лоша до степен што тој се борел да дише и бил итно префрлен во болница. Некои од дијагнозите биле алергии и астма. Но како што поминувало времето ништо не се менувало.

На крајот по многубројните неточни дијагнози и влошени симптоми, лекарите откриле дека играчка му била заглавена во дишните патишта. Тој проголтал мал цвет пред неколку години, што резултирало со постојана кашлица и тешкотии во дишењето.

На прашањето какво е чувството да се чувствува парчето пластика заглавено во неговото грло, тој одговорил „не се чувствува ништо“.

Кога играчката конечно била откриена, мајката била шокирана, но и олеснило.

„Бев апсолутно шокирана. Но и навистина ми олесна, да бидам искрена, бидејќи за сите овие години конечно имав одговор“, рече таа. „Мојата главна грижа во тој момент беше дека тој всушност е роден со таа состојба. Затоа што ако се родил со тоа, ќе имал други проблеми. Да знам дека е предизвикано од туѓо тело, тоа беше мало олеснување за мене.

 

„Мојата порака до другите родители е дека ако се чувствувате дека нешто не е во ред, продолжете да се залагате за тоа“.

Со оперативен зафат ја отстраниле играчката која што му била заглавена цели 5 години, и малиот херој може да живее нормално.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *