8 луди работи што порано луѓето ги праќале по пошта
Во минатото, системот за поштенски услуги беше одличен начин да бидеме уверени дека пакетите се испорачуваат по пристапни цени и релативно брзо.
Сепак, во одреден момент, луѓето почнаа да ги праќаат најнеобичните предмети како животни, ковчези, јајца, па дури и луѓе.
1. Мери Пиерстоф, детето испратено по пошта за да ја посети баба
Во 1914 година 4-годишно девојче по име Мери било испратено по пошта до нејзината баба од Гранџвил до Луистон во Ајдахо, затоа што било поевтино и не го надминувала лимитот на тежина.
2. Хоуп дијамантот од 1 милион долари
Дијамантот од 45,52 карати бил испратен по пошта затоа што неговиот сопственик и дилер на скапоцени камења, Хари Винстон му верувал на поштенскиот систем.
3. Луѓето си праќале риби преку пошта
Неколку други чудни работи што се испратени се риби. И живите и мртвите риби биле испраќани по пошта во минатото.
4. Камелеон бил испратен да живее на друго место бидејќи кај претходниот сопственик било премногу ладно
Во декември 1954 година, Дејвид, маж од Фосторија, Охајо, испрати писмо со камелеон до пошта Орландо, Флорида каде што ги замолува вработените да го ослободат на топло бидејќи кај него е студено. Тие и го направиле тоа.
5. Парчиња од Титаник беа испратени од Милано во Џорџија
Остатоците од бродот кои чинеле меѓу 1 и 3 милиони американски долари, биле измиени на брегот пред да бидат пронајдени, испратени по пошта и доставени до Соединетите држави.
6. Лекарите испраќале болести
Во 1895 година било забележано дека мртви птици, сипаници и шарлах биле испраќани од лекарите до Националниот здравствен одбор, што било доста опасно.
7. Мачка била испорачана преку пневматска цевка
Пневматскиот систем е изграден во 1800-тите за да доставува пошта низ Њујорк со брзо темпо. Системите се наоѓаа на 4 до 6 метри под површината на градот. Сепак, во 1897 година, некои оператори сакаа да ја тестираат брзината на системот. Тие решија да постават жива мачка во една од цевките и да ја испратат. За среќа, тоа преживеала и тие докажале дека е можно.
8. Сифражетки биле доставени по пошта за да пренесат порака
Во текот на 20 век, „избирачите“, или жените кои сакаа да гласаат, се обидоа да дадат се од себе и да бидат забележани. 2 од нив биле успешно доставени до британскиот премиер за да му пренесат порака.
Бонус: Најдолгата затворска казна му била изречена на поштар
Друг факт е дека најдолгата затворска казна во историјата му била дадена на поштарот по име Габриел Март Гранадос од Шпанија. Казната била на 384.912 години, за не доставување 42.884 писма.