8 луѓе ги загубија животите поради турканица кој прв да влезе на стадионот во Камерун

Домаќинот Камерун играше со Коморските острови и победи со 2:1. Натпреварот е во рамките на африканскиот Куп на нации. Причината за несреќата е што стадионот има капацитет од 60.000 гледачи, 50.000 луѓе се обиделе да влезат, а стадионот не можел да ги прими сите, заради ограничувањето од 80% капацитет поради пaндемијaтa.

Што е најтрагично, ова не им е прв пат. Во 2018 година во Дакар исто така 8 луѓе го загубија животот за време на фудбалски натпревар, а црниот рекорд го држи Јоханесбург, каде што во 2001 година загинаа дури 43 лица поради екстремните гужви на стадионот.