8 мали, едноставни гестови на добрина со кои ќе внесете барем малку светлина во туѓиот ден
Во хаосот на секојдневниот живот, добрината понекогаш ни изгледа како луксуз — нешто за кое немаме време или пари. А всушност, токму тие мали, човечки гестови можат да ни го направат денот поубав — и нам и на другите. Еден корисник на социјалните мрежи постави прашање: „Кој е еден мал гест на добрина што буквално секој може да го прави секој ден?“ Одговорите беа едноставни, а генијални. Еве осум идеи како да внесеш малку светлина во туѓ ден — без пари, без планирање, без посебен напор.
Содржина:
1. Биди свесен за околината
„Или движи се со текот на луѓето, или тргни се на страна ако мораш да застанеш.“ – @JoeMorgue
Наместо да се натпреваруваме кој оди побрзо или прв стигнува до врата, покажи добрина така што ќе направиш простор. Да не пречиш, да се повлечеш кога треба — тоа е мала, но значајна љубезност.
2. Користи слушалки во јавен превоз
„Ако ги немаш – издржи 20 минути без правење врева во мал простор што го делиш со други.“ – @cynthiayeo
Не постои закон што вели дека мораш да бидеш тивок, ама сепак – бидеш ли тивок, им го правиш денот подобар на сите околу тебе. Тоа е култура и почит.
3. Давај комплименти
„Ако помислиш нешто убаво за некого – кажи му го. Тоа може да биде најубавото нешто што го слушнал цела недела.“ – @Comments_Wyoming
Сосема се бесплатни, а можат да остават трага засекогаш. „Таа боја ти стои одлично!“, „Многу убаво си се потстрижала!“ – кажи го кога го мислиш, и гледај како на некого му светнува лицето.
4. Држи врата за некого
„Навидум ситница, ама може да направи голема разлика.“ – @sconnie64
Овој гест важи за сите, без разлика на пол или возраст. Не чекај некој да ти ја држи вратата – биди ти таа личност.
5. Не реагирај со бес во сообраќајот
„Со тек на време сфатив – секогаш стигнувам дома во исто време, без разлика дали некој ми го пресекол патот или не. Па решив само да си слушам музика и да се опуштам.“ – @CPCOpposesAbortion
Многу од нас се трансформираат зад воланот – но тоа е непотребен стрес. Наместо да се лутиш, само пушти нека помине. Можеби има лош ден. А можеби ти ќе бидеш причината да му стане барем малку подобар.
6. Имај трпение
„Никогаш не знаеш низ што поминува некој. Можеби му починала баба, можеби слушнал лоша вест – затоа покажи разбирање.“ – @mamalion12
Не секој е намќор по професија – некогаш луѓето едноставно имаат тежок ден. Дозволи им да бидат луѓе. Како што и ти би сакал некој да биде трпелив со тебе.
7. Благодари им на луѓето со кои живееш
„И да, дури и за мали работи – сите сакаат да се чувствуваат вреднувани.“ – @Mrshaydee
„Фала што ми ја среди облеката,“ или „Фала што ја плати сметката на време, навистина се снаоѓаш со тоа“ – мали реченици што топлат душа. Важи и за деца!
8. Остави го местото барем малку подобро од тоа што го најде
„Подигни ѓубре во паркот, порамни тепихче во канцеларија, врати количка во маркет.“ – @BlueberryPiano
Не чекај некој друг да го среди нередот – направи го ти. Ти одзема секунда, а можеби ќе ѝ заштеди 10 минути на некоја мајка со дете. Да бидеш добар граѓанин не бара херојство – бара само внимание.
Малите добрини се како камчиња во езеро – ефектот се шири далеку. Почни од едно. Утре од друго. И полека, ќе го направиме овој свет малку поподнослив.
Коментирај анонимно