8 секојдневни работи што прават побрзо да старееме, а не сме ни свесни
Сакаме да останеме млади што подолго – не само однадвор, туку и внатрешно. Но во брзиот ритам на секојдневниот живот, често и не забележуваме како усвојуваме навики кои ни ја крадат свежината, енергијата и доброто расположение. И тука не се работи само за нега на кожа или исхрана.
Многу мали нешта – од начинот на кој размислуваме до секојдневните одлуки – тивко го забрзуваат процесот на стареење.
Содржина:
- Убавината бара… крема со СПФ
- Заборавете ги цевките за пиење
- Лошо држење на телото = повеќе години
- Сината светлина е непријател на добриот сон
- Недостаток на подвижност додава години
- Евтина навлака за перница = скапи последици
- Хидратацијата е ваш сојузник
- Свиткан врат од телефони – веќе не е проблем само на постарите
Убавината бара… крема со СПФ
Ако мислите дека СПФ ви треба само на плажа – грешите. Д-р Џејкоб Штајгер предупредува дека сонцето е главниот непријател на младата кожа. Дури и во облачни денови, УВ-зраците си го прават своето.
Секое утро нанесувајте крема со СПФ од најмалку 30 – пред шминка и лифтинг креми. Едноставно е, а ефектот е реален.
Заборавете ги цевките за пиење
Пластичните цевки не само што ѝ штетат на природата, туку и на твојот изглед. Според д-р Џозеф Круз, постојаната употреба на цевки создава линии околу усните – слични на брчки од изразување. Решението е едноставно: пиј пијалаци директно од чашата (по можност без шеќер).
Лошо држење на телото = повеќе години
Дали се наведнувате додека одите, ги прекрстувате рацете или одите со наведната глава? Сето тоа визуелно ви додава години. Дури и кога ништо не зборувате, вашето тело „зборува“ за вас.
Кога стоите исправено, се движите слободно и со самодоверба, оставте впечаток на енергична и витална личност. Ако сте усогласени со својот „внатрешен млад дух“, веќе сте си подариле природен лифтинг.
Сината светлина е непријател на добриот сон
Склорањето на телефон пред спиење е навика на многумина, но екраните емитуваат сино светло кое го нарушува лачењето на мелатонин – хормонот на сонот. Последиците се: несоница, бледа кожа, подочници, замор, па дури и зголемена тежина и апатија.
Ако сакате посвеж изглед, исклучете ги уредите барем еден час пред спиење и дозволете му на телото да се обнови.
Недостаток на подвижност додава години
Не мора да трчате маратон за да изгледате енергично. Но ако се движите како сè да ве боли (па дури и кога не е така), луѓето ве доживуваат како постари. Спорите, укочени движења „викаат“: „Сакам само да легнам.“
Едноставна прошетка, утринско истегнување и малку физичка активност можат да направат чуда за вашето држење и изглед.
Евтина навлака за перница = скапи последици
Секоја вечер, вашето лице лежи на перницата околу 7–8 часа. Ако навлаката е од евтин, груб материјал, кожата страда – се создаваат набори кои можат да преминат во брчки.
Д-р Дејвид Грунер објаснува: памучните навлаки го спречуваат лизгањето на кожата и може да предизвикаат прекршувања и губење форма на лицето. Подобро е еднаш да вложите во квалитетна навлака отколку подоцна во скапи креми.
Хидратацијата е ваш сојузник
Истражување објавено во научно списание покажало дека пиењето минерална вода навистина ѝ годи на кожата. Водата богата со минерали не само што го одржува водниот баланс, туку и ја подобрува структурата на кожата.
Тоа е вистинска инвестиција во посвеж и негуван изглед.
Свиткан врат од телефони – веќе не е проблем само на постарите
Кривењето на вратот поради лаптопи и телефони – феномен што д-р Дејвид А. Шапиро го нарекува „tech neck“ – е сè почесто и кај младите. Главата е наведната, грбот заоблен, и таа навика станува проблем.
Ова не е само прашање на изглед – туку и на здравјето на рбетот, со ризик од артритис. Подобро е да внимавате на држењето сега, отколку да лечите последици подоцна.
Коментирај анонимно