8 видови на храна кои ќе направат да се чувствувате гладни (и што да јадете наместо нив)

Некои луѓе се чувствуваат гладни дури и откако ќе изедат цел оброк. Вистината е дека проблемот можеби не е количината, туку квалитетот на храната што сте ја јаделе. Многу видови на храна, некоја од нив и здрава, немаат одредени протеини или растителни влакна, така што тие всушност ве оставаат да се чувствувате гладни.

Од друга страна, едноставна замена, па дури и подготвување на вашата омилена храна на поинаков начин, може да има спротивен ефект: да ве натера да се чувствувате задоволни и сити.

1. Помфрит

Компирите подгтовени во форма на помфрит се полни со транс масти и сол кои им штетат на хормоните во стомаците што се поврзани со тоа да ни помогне да се чувствуваме полни. И додавањето кечап, кој содржи висок фруктозен сируп од пченка, не помага. Но, тоа не значи дека не можете да уживате во компири: едноставно сварете ги.

2. Овошен сок

Можеби мислите дека вашата чаша сок од портокал ве прави малку поздрави секој ден, но всушност може да ве направи гладни. Тоа е затоа што му недостасува важен дел од овошјето што ве прави сити, а тоа се влакната. Поздравата алтернатива е вода со парчиња овошје во неа.

3. Јогурт со малку маснотии

Јогуртите се познати по тоа што се здрави, особено варијантите со малку маснотии, но сепак може да ве остават да чувствувате гладни. Избегнувајте ги оние кои се богати со јаглехидрати. Обичниот јогурт или павлаката имаат доволно протеини за да ве направат сити.

4. Омлет од белки

Зборувајќи за јајца, внимавајте кога ги готвите. Многу луѓе ги избегнуваат жолчките за да имаат диетален оброк. Но, кога станува збор за заситување жолчките во нив имаат масти што можат да ви помогнат да останете сити подолго време и ви помагаат да ги апсорбирате хранливите материи од јајцата.

5. Прелив за салата

Дури и преливи за салата без маснотии можат да содржат сол и шеќер за да го задржат нивниот вкус. И ние се навикнуваме да истураме толку многу, така што секое парче зелена салата е покриено. Наместо ова додадете некои протеини како риба или пилешко месо.

6. Гума за џвакање

Луѓето сакаат да џвакаат гуми за џвакање за да си го измамат умот да мислат дека јадат без да намалат калории. Но, овој класичен трик всушност дава спротивен ефект: како што се подготвуваат гастричните сокови во стомакот, вашето тело може да направи да се чувствувате гладни. Подобро е само да јадете нешто едноставно за да ве засити, како на пример ореви, бадеми и сл.

7. Јаболки

Никогаш не јадете само јаболки тие можат да предизвикаат „скок на глукоза“ и брзо да се сварат. Додадете друг протеин, како ореви, и имајте убава ужинка.

8. Житарици

Житариците со шеќер или вештачките засладувачи немаат влакна и протеини, но појадокот е важен за одржување на шеќерот во крвта. Топлите житни култури како овесна каша е подобра алтернатива, благодарение на високата содржина на растителни влакна и способноста да впие вода.