80.000 гласови: 10 многу преценети знанемитости во очите на туристите

Непотребно е да се каже, какво разочарување е кога ќе посетите светски позната знаменитост и ќе заминете целосно разочарани. Ова сигурно ќе остане лошо сеќавање, но според порталот timeout.com, неодамнешното истражување анализирало ни помалку ни повеќе од 80.000 негативни критики оставени на Tripadvisor, кои откриле кои глетки најмногу ги разочарале туристите.

На самиот врв на преценетите знаменитости е Холивудската патека на славните. Реално, ако ги поедноставиме работите, тоа е само „куп“ поплочени камења, а ова мислење јасно го делат добар број туристи. Дури 20 проценти од рецензентите на оваа атракција и даваат само една или две ѕвезди, а главната замерка е – чистотата.

Сепак, второто место, на наше изненадување, го зазеде Версај. Познатата палата во близина на Париз, која надалеку се слави по својот сјај, не е најдобра меѓу рецензентите, а најчести поплаки се гужвите, скапиот влез и „лошо“ одржување на градините.

Третото место и „бронзата“ му припадна на британскиот Стоунхенџ, кој е критикуван за високата цена на билетите, а кога ќе стигнат таму, туристите најчесто се разочаруваат од едноставноста на атракцијата. Исто така, очигледно рецензентите се прилично критични кон ОК, бидејќи во првите десет има дури три британски атракции.

Генерално, покрај трите наведени и опишани, меѓу првите 10 разочарувачки се најдоа и натписот „Холивуд“, Биг Бен, Белата куќа, Кривата кула во Пиза, Емпајер Стејт Билдинг, Пирамидите во Гиза и Бакингемската палата.