80-годишен човек е „мајстор“ во Ексел и со помош на него создава неверојатни уметнички дела

80-годишниот Татсу Хориучи од Јапонија е познат низ целиот свет по неговите неверојатни вештини за цртање. Сепак, тој не користи моливи, пенкала или боја за својата уметност. Наместо тоа, тој создава ремек-дела во Microsoft Excel!

Пред околу 20 години, пред да замине во пензија, Хориучи мислел дека му е потребен нов предизвик во животот. Така се решил на сликањето. Сепак, тој не сакал да потроши пари за уметност – тој решил да го користи својот компјутер. Но, исто така не сакал ниту еден фенси софтвер за дигитално цртање и се одлучил за Excel. Погледнете ги неверојатните слики кои ги изработува овој уникатен и креативен уметник: