80 годишна баба од земјоделското село во Замбија стана модна икона, откако позираше во дизајнерска облека од нејзината внука

Баба од мало земјоделско село во Замбија ја освои интернет-публиката како неочекувана модна икона, облечена во модерните комбинации на својата внука.

Маргрет Чола стана популарна откако нејзината внука Дијана Каумба, стилистка од Њујорк, почна да објавува фотографии на кои баба ѝ носи гламурозни аутфити.

 

 

 

„Се чувствувам поинаку, ново и живо во овие облеки, на начин кој никогаш досега не сум se почувствувала“, изјави Чола.

Иако нема извод од матична книга на родени, Чола смета дека е во своите средни 80-ти години. Таа сега има 119.000 следбеници на „Инстаграм“ профилот @legendary_glamma, каде објавува фотографии во уникатни комбинации, вклучувајќи круни, турбани, долги вештачки нокти, руси перики и златни ланчиња.

Нејзините објави го слават и нејзиниот живот во Замбија, прикажувајќи ја со традиционални предмети како „ибенде“ – дрвена алатка за обработка на жито, и „мбаула“ – јагленово огниште за готвење.

 

 

 

Каумба го започнала проектот минатата година, за време на посетата на Замбија по повод втората годишнина од смртта на нејзиниот татко, кој ја инспирирал за мода.

„Мислев дека ќе биде интересно да ја облечам баба ми во модерна облека и да ја фотографирам во нејзината природна средина“, објаснува таа.

На предлогот, Чола со задоволство се согласила, изјавувајќи: „Ништо не правев тогаш, па си реков, зошто да не? Ќе ми недостигате кога ќе ме нема, а барем вака ќе ме паметите“.

Првата фотографија на која Чола носи сребрен костум веднаш привлече внимание. „Бев толку нервозна кога ја објавив таа фотографија. За десет минути добивме 1.000 лајкови“, се сеќава Каумба.

 

Посебно внимание профилот привлече во април, кога Чола беше облечена во црвен фустан на „Адидас“, украсен со повеќе ланчиња и круна.

Чола, мајка на три деца, вели дека славата ѝ го променила погледот кон животот. „Сега се будам со цел, знаејќи дека луѓето ширум светот сакаат да ме видат“, изјави таа.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *