82-годишна Британка цела година е разделена од нејзиниот 36-годишен сопруг кој чека одобрени за виза, а во меѓувреме споделува детали од нивниот интимен живот
Една британска баба ги шокираше гледачите на утринската програма „This Morning“ кога сподели детали од нејзините с*ксуални лудории со нејзиниот 46 години помлад дечко од Египет, а живеењето далеку од него го спореди со „смрт“.
Ајрис Џонс (82) од Вестон-супер-Маре, вети дека ќе се пресели во Египет за да биде со нејзиниот сопруг Мохамед Ахмед Ибрихам (36), доколку му биде одбиено барањето за виза.
Ајрис, го запознала Мохамед на Фејсбук во 2019 година, пред да одлета во Египет за да биде со него, и да се венчаат во ноември 2020 година. Таа ја опишала нејзината „неверојатна“ болка во срцето бидејќи пандемијата ги држи разделени додека чекаат надлежните да одлучат дали на Мохамед ќе му биде дозволено да се пресели во Британија.

Врската на парот се најде во центарот на вниманието минатата година кога Ајрис гостуваше на „This Morning“ за да разговара за огромниот јаз во возраста и на крајот откри детали од нивниот с*ксуален живот.
Зборувајќи за The Sun за тоа колку и недостига нејзиниот сопруг, Ајрис рече: „Болката во срцето е неверојатна. Постојано зборуваме за она што ќе се случи кога ќе се сретнеме“.
„Доколку не добие виза ќе се чуствувам како да е крај на светот. Како да е мртов, но нема да е мртов, само ќе исчезне“.
Таа додаде: „Немам уште многу години живот, секој момент ми е важен“.

Од Министерството за внатрешни работи изјавија дека треба да имаат одлука за визата на Мохамед до 4-ти ноември.
Ајрис откри како Министерството за внатрешни работи побарало „доказ“ за нивната врска, нивните финансии и неговото познавање на англискиот јазик, додавајќи дека тој го положил потребниот тест за англиски јазик.
Негирајќи дека ја „искористува“, таа тврди дека „не е тип на жена што би била измамена“ и дека „нема пари“, објаснувајќи дека тие ги делат сите трошоци 50/50.

Како што се наближува нивната годишнина од брак, Ајрис, која не го видела Мохамед од декември 2020 година, додаде дека „му верува“ и дека е подготвена да се пресели во Египет доколку неговата апликација биде одбиена, додавајќи: „Ништо нема да не` раздели мене и Мохамед“.
Ирис ги натера водителите Холи Вилоуби и Филип Шофилд да поцрвенат откако признаа дека нивната прва ноќ на страст ѝ нанела болка на.
„Кожата на моите нозе е многу многу тенка. Кога станува збор за водење љубов, тоа може да биде болно. Но, ние го решивме тој проблем со „доги поза“. Љубовта боли“.

Кикотејќи се со водителот на Холи, Филип додаде: „Љубовта секогаш наоѓа начин“.
Ајрис првпат започнала разговор со Мохамед од Каиро во летото 2019 година на група на Фејсбук која го истражува атеизмот.
Тој првично ѝ изјавил љубов преку социјалните мрежи, а потоа рекол дека неговите чувства биле потврдени кога првпат ја видел Ајрис на аеродромот во Каиро.
Тој живее во куќа со три соби со своите родители плус две сестри и брат кои се помлади од него, но жестоко негираше дека бил со Ајрис за нејзините пари или пасош.

Ајрис, поранешна чистачка, живее во куќа од 220.000 фунти и преживува со пензија и инвалидска помош од 200 фунти неделно.
Мохамед рече: „Не ми е гајле каде живееме или колку е богата или сиромашна, само сакам да бидам со Ајрис. На крајот на денот, која земја сака да ја направи нејзин дом е нејзиниот избор, тоа може да биде или Британија или Египет“.
„Луѓето мислат дека сум со неа од погрешни причини. Знам дека Британија е прекрасна земја и многу луѓе сакаат да одат таму, но мене не ми пречи. Подготвен сум да живеам со неа каде било во светот“.
Мохамед открил дека за време на нејзината посета на Египет ја однел Ајрис дома на вечера, каде таа го поминала времето со неговата мајка.
