84-годишен старец доби парична казна поради криење на нацистичко „воено чудовиште“ во неговиот подрум

На 84-годишен Германец му е изречена казна од 235.000 евра, откако се дозна дека криел нелегални нацистички воени машини, вклучително и тенк, во неговиот подрум.

Покрај паричната казна, државниот округ во Кил, град на северот на Германија, му изрече и условна казна од 14 месеци.

Постариот маж, кој не е именуван во согласност со германските закони за приватност, е осуден за нелегално поседување оружје вклучително и тенк „Пантер“ од 45 тони.

Илегалниот воен арсенал беше откриен во 2015 година за време на истрага за „сувенири“ од нацистичкото време на црниот пазар. Властите упаднаа во домот на мажот откако добија дојава и открија разни воени предмети во неговата подземна гаража.

Покрај тенк, истражителите наидоа и на торпедо, минофрлачи, митралези, автоматски пиштоли, како и 1.500 парчиња муниција.

Во времето на рацијата, извештаите на локалните медиуми сугерираа дека човекот бил изненадувачки искрен за неговата нелегална колекција на оружје.

Пред објавувањето на пресудата, адвокатот на обвинетиот во негово име прочита признание за злосторствата за кои станува збор. Адвокатот исто така инсистираше на тоа дека неговиот клиент не е нацистички симпатизер, со тоа што проектот за реставрација на оружјето е негово „животно дело“.

Воените оружја се строго регулирани во согласност со Законот за контрола на военото оружје. Казните за оние што ќе ги прекршат таквите правила ќе се разликуваат во зависност од тоа колку оружјето е оперативно, или дали може повторно да се врати во сфункционална остојба.