85 годишен пациент со рак, оставен да чека брза помош 7 ЧАСА НА ДОЖД откако паднал, а болницата се наоѓала преку улица…

Постар пациент со рак бил принуден да чека седум часа на дожд за брза помош – и покрај тоа што живеел на само неколку стотина метри од болницата.

 

Кит Ројлс (85) го скршил колкот додека го сечел тревникот и бил принуден мачно да чека брза помош цели 7 часа.

Неговото семејство објасни дека куќата на г-дин Ројлс во Боделвидан, Денбигшир, била директно спроти нивната локална болница, но болничарите не пристигнале на местото на настанот.
Неговата ќерка Тина вели: „Повикавме брза помош и ни беше кажано дека ќе се чека од четири до седум часа за брза помош. Се јавивме неколку пати и сестрата ми објасни дека нема начин тие да стигнат побрзо“.

 

 

Тој живее веднаш од другата страна на патот од главната болница „Исбити Глан Клајд“, која му служи на неговиот дел од Северен Велс.

Но, кога пристигнаа болничарите, им било кажано да го однесат господинот.

Зборувајќи за „S4C“ програмата „Y Byd ar Bedwar“, таа рече: „Како семејство, не му замеруваме на персоналот, но системот е расипан“.

„Жал ми е за луѓето кои се дел од службата затоа што мора да е толку фрустрирачки и трогателно да се биде во таква ситуација“.

Ли Брукс, извршен директор за операции во Велшката служба за брза помош, рече: „Длабоко жалиме за искуството на г-дин Ројлс, кое без сомнение беше болно и вознемирувачко чекање. Одложувањето на предавањето на болницата останува единствената најголема причина поради која не можеме брзо да стигнеме до некои пациенти. Ќе биде потребен напор низ целиот систем за да се реши проблем во целиот систем“.

Повеќе од 10.000 работници на брзата помош ќе излезат на 21 и 28 декември поради спор со платите.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • NemaIme напиша:

    Да им го продадеме МОЈ ТЕРМИН и ќе се опраат …..

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *