85-годишна баба возеше 1600 километри со велосипед и постави светски рекорд, а причината за сето тоа е навистина срцепарателна

Мејвис Патерсон е 85-годишна баба од Галовеј, Шкотска. Таа го помина својот 85-ти роденден возејќи велосипед 1600 килоемтри во спомен на нејзините 3 покојни деца, кои сите починале во рок од 4 години. Оваа трагедија ја мотивираше да со велосипед низ земјата и истовремено да собере 70.000 евра за истражување на ракот.

Запознајте ја Мејвис Патерсон, 85-годишна жена од Шкотска.

Мејвис Патерсон, која на нејзините многубројни интернет фанови им е позната и како Баба Мејв, е од Галовеј, Шкотска. Таа веќе 20 години е вклучена во собирање средства за поддршка на ракот собирајќи пари за центарот по загубата на нејзината мајка и помалата сестра од рак. Таа на почетокот сакала да трча, но во педесеттите морала да се префрли на велосипедизам поради здравствени проблеми.

 

Бабата со велосипед помина низ Канада и Америка и се искачи на Килиманџаро. Во 2019 година, таа го заврши предизвикот со велосипед од 1500 килоемтри и стана најстарата жена што возела од Лендс Енд до Џон О’Гроутс. Ова достигнување и го обезбеди Гинисовиот рекорд, а исто така собра 87.000 евра за истражување на ракот.

Таа возеше 1600 килоемтри низ Шкотска во спомен на нејзините покојни деца.

Мејвис се соочила со голема трагедија која ја инспирирала да го прифати овој предизвик на прво место. Во 2012 година изгубила син од срцев удар, а набргу потоа, во 2013 година, нејзината ќерка починала од пневмонија. Во 2016 година, нејзиниот трет син исто така за жал загинал во несреќа.

Сите 3 нејзини деца биле на возраст од 40 години. „Кога моите деца починаа, едноставно не знаев што да правам. Но, возењето велосипед ми помогна многу“, рече Мејвис.

 

„Многу размислувам за нив, но морам да се соочам со животот, па затоа се справувам со предизвиците. Последното што го направив беше прекрасно затоа што ми го оддалечи умот од децата“. Возењето велосипед стана начин да се справи со нејзината тага и е „терапевтски“ за Мејвис, а сеќавањето на нејзините покојни деца ја инспирирало да ја постигне својата најголема цел досега.

Таа на крајот собра 70.000 евра за истражување на ракот.

Мејвис го започна своето велосипедско патување во Мул оф Галовеј, а на целта ја пречекаа расположените фанови и нејзиниот внук, кои ја прегрнаа.

Според портпаролот на центарот, напорите на Мејвис направиле голема разлика за добротворната организација. „Знам дека излегувањето на нејзиниот велосипед и помага и физички и психички, сепак, потребна е огромна решеност за да го постигне она што го има“.

„Мислев дека ова е тага што никогаш нема да ја преболам“, рече Мејвис во видеото. „Да ги изгубам сите мои деца беше најтажното нешто што можеше да ми се случи“.

Сепак, поставувањето предизвици за себе и помогнало да се справи со загубата на здрав начин. „Кога возам велосипед, не размислувам толку многу за нив“, рече таа, „што ми е голема помош“.

Мејвис продолжува да се вклучува себеси во собирање средства за добротворни цели и да се предизвикува себеси на нови начини.

  • Васе напиша:

    Почит за госпоџата „на точак“! Долги децении возам точак и знам која упорност е потребна за ваков подвиг! Јас на најдолга релација сум бил од Скопје до Маврово на трка со МТБ и назад! А 1,600км се 1,600км! Респект!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *