88-годишен човек е прогласен за херој откако си го жртвуваше животот за да спаси две деца

Еден 88-годишен чувар на училишниот пешачки премин е убиен додека спасувал две млади момчиња од расеаниот возач во Канзас.

Боб Нил, кој бил познат кај децата како „Господин Боб“ загинал откако автомобил удрил во него додека ги штител малите деца на преминот пред парохиската школа „Христос кралот“ во Канзас Сити.

Црниот седан удрил директно во Нил откако тој ги турнал момчињата на возраст од 11 и 7 години за да ги спаси. Нил кој бил и воен ветеран починал од повредите откако бил однесен во болница. Возачот, кој не е именуван, бил однесен во болница на лекување.

Внукот на Боб вели дека иако тој бил веќе во поодмината старост сакал да биде активен и корисен за заедницата и затоа им помагал на малите дечиња да ја преминуваат улицата. Сите го знаат Боб како хумана и добронамерна личност.

Боб бил толку поврзан со децата што дури добил и подароци и картички од нив за Денот на вљубените и со нив се фалел на својот син и семејството. Неговиот внук вели дека иако многу луѓе не ја сметале работата на Боб за важна, тој сепак целосно уживал во неа и многу му значела, а сега за жал, дури и го чинела неговиот живот.