89-годишна баба побарала маж со „широки гради и голем бицепс“ и токму тоа и го добила

89-годишната жителка, Џоан, побарала од перосналот во домот за стари лица во кој живее да ја посети атрактивен маж со широки гради и голем бицепс. Бидејќи домот имал правило на „дрво со желби“ за станарите решиле да ѝ ја исполнат желбата.

Џоан и нејзинаа 84-годишна пријателка Паулин биле воодушевени кога стриптизер маскиран во пожарникар пристигнал во домот за стари лица во Гластонбери.

Џоан изјавила: „Мислам дека е неверојатен, посакувам да може да нè посетува секој ден! Тој ме натера да се чувствувам како повторно да сум млада, уживав во секоја секунда.“ Претходните желби од станарите биле патување до плажата, шопинг и попладневен чај, така што ова прилично ги изненадило сите. Сепак најважно е Џоан и Паулин да се среќни, сепак еднаш се живее зарем не?