9 факти за кафето што не сте ги знаеле
Нашиот омилен утрински пијалок бил откриен на навистина необичен начин. Како стана толку важен дел од секојдневието? Еве 9 интересни факти од историјата на кафето.
Содржина:
- 4. Првата кафетерија – Истанбул, 1555 година
- 3. „Виното на Арабија“
- 1. Историјата на кафето започнува со… коза!
- 2. Јемен – првото кафе во течна форма
- 5. Папата сакал да го „крсти“ кафето
- 6. Кафетериите стануваат центри на идеи
- 7. Плантажи на кафе – почетокот на индустријата
- 8. Кафето станува патриотски пијалок во САД
- 9. Кафето и вселената
4. Првата кафетерија – Истанбул, 1555 година
Во османлиската престолнина се отвора првата кафеана. Тоа стануваат места за дружење, разговори, поезија и игри – што не му се допаѓа на дел од свештенството. Се обиделе да го забранат кафето, дури и со смртна казна, но безуспешно.
3. „Виното на Арабија“
Кафето не е спомнато во Куранот, за разлика од алкохолот, кој е забранет. Затоа, кафето станало прифатлива алтернатива и било нарекувано „арапско вино“.
1. Историјата на кафето започнува со… коза!
Сѐ започнува во Етиопија, околу 9 век. Еден овчар по име Калди забележал дека неговите кози стануваат невообичаено енергични откако ќе јадат одредени црвени бобинки. Кога ги однел кај монасите, тие ги фрлиле во оган, мислејќи дека се „од ѓаволот“. Но, кога почнало да се шири мирисот од печените зрна, сите се заинтересирале. Така, наводно, настанало првото кафе.
2. Јемен – првото кафе во течна форма
Во 15 век, во Јемен кафето се варело како пијалок. Суфистичките монаси го користеле за да останат будни за време на ноќните молитви. Токму од јеменското пристаниште Мока, кафето почнало да се шири низ исламскиот свет.
5. Папата сакал да го „крсти“ кафето
Во 1615 г. кафето стигнува во Европа преку Венеција. Католичката црква прво го сметала за „муслимански пијалок“. Но, папата Климент VIII откако го пробал, рекол: „Овој сатански пијалок е премногу добар за да им го оставиме само на неверниците!“ Благодарение на него, кафето станува популарно и во Европа.
6. Кафетериите стануваат центри на идеи
Во Европа, кафетериите се разликувале од таверните – биле светли, пријатни и често имале книги и музика. Интелектуалци, филозофи и револуционери таму дебатирале, па дури и организирале протести. Поради тоа, кралот Чарлс II сакал да ги забрани во Англија.
7. Плантажи на кафе – почетокот на индустријата
Холанѓаните биле први што одгледувале кафе надвор од Арабија – на островот Јава во Индонезија. Други европски сили го следеле примерот – Французите во Карибите, а Шпанците и Португалците во Јужна Америка (Колумбија, Бразил, Перу).
8. Кафето станува патриотски пијалок во САД
По Бостонската чајанка (1773), чајот симболизирал британскa потчинетост, па Американците преминале на кафе. За време на и по Американската револуција, кафето станало национален симбол.
Војниците пиеле кафе за енергија – од Американската граѓанска војна до светските војни. Тоа било дел од секојдневната исхрана, а често се носело како инстант верзија. Работниците во фабрики исто така пиеле кафе за да работат во смените.
9. Кафето и вселената
Кафето не остана само на Земјата. Астронаутите од Аполо 11 пиеле кафе пред слетувањето на Месечината во 1969 г. Денес, на Меѓународната вселенска станица се користи специјален апарат за кафе – ISSpresso. Дури и во нулта гравитација, не можеме без нашата шолја кафе.
Коментирај анонимно