9 фотографии кои докажуваат дека немаме поим како се одгледува храната што ја јадеме
Дали некогаш си се запрашал каде и како расте храната што ја јадеш секој ден? Многу од нас ја гледаат само во супермаркетите, спакувана и подготвена за употреба. Но, вистинската приказна започнува далеку порано – на полињата, во шумите и понекогаш дури и под земја! Еве 10 храни што ќе те изненадат со начинот на кој растат:
1. Киви
Oва слатко и освежително овошје, расте на дрвенеста лијана – растение што се вие како винова лоза. Има кафеава влакнеста кора и светлозелено (или златно) месо со ситни, црни, јадливи семки. Малкумина знаат дека кивито е всушност бобинка!
2. Црн бибер
Најпознатиот зачин во светот всушност расте на цветно растение-лоза. Плодовите (бобинките) се сушат и се претвораат во зрнца црн бибер. Интересно е што и покрај тоа што го користиме секој ден, ретко кој знае дека расте вака!
3. Индиски орев
Можеби мислиш дека е обичен орев, но ќе се изненадиш – индискиот орев расте под еден вид овошје што наликува на јаболко. Тоа овошје се нарекува „јаболко од индиски орев“ и иако е јадливо, најчесто се користи за сокови и џемови. Самата семка – индискиот орев – се наоѓа во тврд, отровен оклоп што мора внимателно да се обработи пред консумирање.
4. Ананас
Ананасите се всушност група од многу мали плодови (плодчиња) споени во еден. Расте како ниско растение и му требаат 18–20 месеци да созрее! Забавно е што можеш да засадиш нов ананас од горниот дел (круната) на стариот.
5. Цимет
Циметот не доаѓа од плод – туку од кората на дрвото! Се сече надворешната кора, се суши и се витка во познатите стапчиња – наречени “quills”. Дрвото на циметот може да достигне до 18 метри височина!
6. Ф’стаци
Ф’стаците растат во тврди лушпи на дрвја и имаат природно зелена боја. Порано се фарбале во црвено за да изгледаат поатрактивно. Познати се како „насмеани ореви“ во Иран, а во Кина како „среќни ореви“.
7. Бадеми
Бадемите всушност не се ореви – тие се вид на костилка, како кај праските и сливите. Растат на дрвја и се покриени со зелена, кожеста обвивка која се отстранува при бербата.
8. Урми
Урмите растат на високи палми, и има над 200 сорти. Најскапите се „Меџул“ урмите. За добар род, палмата бара над 100 дена со температури над 38°C и многу вода!
9. Смокви
Смоквите се уникатни – цвеќето им расте внатре во самиот плод! Ситните семки што ги чувствуваш кога ја јадеш, всушност се од тие скриени цветови. Смоквите природно се сушат додека се на дрвото пред берба
Коментирај анонимно