9-годишно девојче основа организација за да ги спаси животите на необичните несакани миленичиња

Девојче од трето одделение е на мисија да ги спаси животите на свињите откако дознала дека многу луѓе се откажуваат од нив како миленичиња откако ќе пораснат повеќе од очекуваното.

Алеина Холдред си земала свиња милениче за себе во 2017 година. Но, иако ѝ кажале дека свињата ќе остане мала наскоро Дејзи тежела 70 килограми.

Всушност, многу сопственици на свињи се наоѓаат во слична ситуација како резултат на одгледувачи кои ги дезинформираат купувачите, само за да можат да заработат пари.

Откако дознала за ова Алеина ја прашала својата мајка, Бети дали може да ѝ помогне да основа организација за да ги спаси свињите. Тогаш била основана организацијата „Pink for Pigs“. Алеина продава рачно направени додатоци за свињи, а парите од продажбата ги донира за засолништа за свињи.

Во слободното време, љубителката на животни посетува засолништа за свињи, па дури и е спонзор на една која живее во нејзина близина.

Семејството одлучило да продолжи да се грижи за Дејзи иако таа не останала мала. Алеина вели дека ги сака свињите затоа што и тие имаат исти чувства како и луѓето.