Премини на МотикаX

9 годишното девојче кое беше киднапирано во Њујорк, додека возела велосипед во парк, е пронајдено ЖИВО: Киднаперот сакал откуп

Деветгодишно девојче кое исчезна за време на семејниот одмор, додека возела велосипед во парк во северниот дел на Њујорк, била пронајдено во плакар во камперското комбе на нејзиниот киднапер.

 

 

 

Шарлот Сена беше спасена од војници во понеделникот – два дена откако беше грабната од државниот парк Моро Лејк во Гансеворт. Таа била пронајдена „во добра здравствена состојба“, соопшти полицијата.

47-годишниот Крег Рос Јуниор е уапсен и моментално е под распит. Тој живеел во приколка на имотот на неговата мајка на Барет Роуд во Милтон, Њујорк. Шарлот сама возела велосипед во државниот парк Моро Лејк во Њујорк во близина на Саратога Спрингс кога исчезнала во 18.15 часот во саботата. Таа си играла со пријателите во текот на денот, но решила да вози сама, последен пат, пред да зајде сонцето.

 

 

 

Во 18.30 часот нејзините родители сфатиле дека не се вратила и станале загрижени. До 18.47 часот, тие го нашле велосипедот на Шарлот во паркот и повикале 911. Била започната избезумена потрага по детето, за кое било издадено предупредување во неделата наутро, откако ренџерите го пребарале паркот и не нашле никаков знак од неа.

Во паркот има 158 места за кампување. „Јамката А“, кадешто се изгубило девојчето, се наоѓа во југозападниот агол на паркот и е директно во непосредна близина на американскиот автопат 9 – кој се протега сè од Филаделфија до Канада.
Полицијата ја пронашла малата Шарлот покриена и скриена во плакар во понеделникот попладне, откри гувернерката Кети Хочул на прес-конференција. Хочул рече дека младото девојче веднаш сфатило дека е спасено.

 

 

 

Два тима на „SWAT“ специјалците – еден државен и еден федерален – се нафрлија на имотот со хеликоптери, а  киднаперот Рос се борел да избега. Тој е испрашуван и допрва треба да биде обвинет за кривично дело, иако Хочул вели дека очекува тоа да следи наскоро. Не е објавена снимка и нема индикации дека Рос го познавал семејството на неговата жртва.

Рос Џуниор во понеделникот наутро во 4.20 часот дошол до домот на родителите на Сена и оставил белешка за откуп во нивното поштенско сандаче, која била покриена со неговата ДНК и отпечатоци од прсти.

Шарлот била пренесена во болницата во Медицинскиот центар во Албани, веднаш откако била пронајдена. Се вели дека е во добра физичка состојба.  Се верува дека иследниците се фокусирани на теоријата дека Шарлот била вовлечена во возило против нејзина волја или однесена во шумата.

Полицијата соопшти веднаш по 19 часот: „Шарлот е пронајдена безбедна и во добра здравствена состојба“.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *