9 места во Индија за кои никогаш не сте слушнале

Кога размислувате за Индија, првите места што ви паѓаат на ум веројатно се Таџ Махал или Хималајските планини. Но, не многу луѓе знаат дека овде можете да видите уникатни работи, како вечерање со мртвите, патување во минатото со посета на засолништа каде што луѓето од праисторијата ги оставале своите отпечатоци, па дури и играње „криенка со плажа“.

Сакаме да ви ги претставиме најнеобичните места во Индија кои можеби сакате да ги посетите.

1. Музеј на тоалети

Уморни од музеи за историја и уметност? Посетете го меѓународниот музеј на тоалети! Меѓународниот музеј Сулаб има ретка и импресивна колекција на факти, слики и предмети кои детално ја опишуваат историската еволуција на тоалетите од 2500 п.н.е. до денес. Овде може да најдете тоалет преправен како полица за книги, па дури и реплика на „тоалетниот престол“ на кралот Луј XIV. Во 2014 година, магазинот Тајм дури го вклучи музејот на нивната листа на 10 најчудни музеи во светот.

2. Пловечка црква

Помеѓу другите цркви во Индија, постои една која се нарекува „лебдечка“. Напуштената Шетихали е наречена „пловечка црква“ поради фактот што за време на сезоната на монсуните, нејзините остатоци се потопуваат во вода. Во сред сезоната на дождови, можете да видите само една третина од капелата, а остатокот од зградата останува под вода.

3. Тврдина на духови

Едно од најпознатите проклети места во Индија е тврдината Бангарх која била изградена во седумнаесеттиот век. Според локалните легенди, местото било напуштено од луѓето поради неговото проклетство.

Во една верзија, тврдината била проколната од волшебник кој се заљубил во принцеза која живеела таму, но бил дбиен. А во друга верзија, местото го проколнал еден локален жител кој се налутил на затоа што тврдината му правела сенка на куќата. Вистина или не, поради овие приказни на посетителите не им е дозволено да одат во тврдината по зајдисонце.

4. Црква со мумија

Базиликата Бом Исус има мала тајна: може да најдете мумија овде. Смртните останки му припаѓаат на Свети Францис Ксавиер, кој живеел пред 450 години. Мистеријата зад мумијата е дека телото на светецот останало недопрено без хемикалии и по 5 века, што е навистина изненадувачки.

5. Карпа стара 66 милиони години сред град

Ако го посетите Мумбаи, освен светски познатиот Боливуд, може да видите и едно од најголемите чуда во Индија, ридот Гилберт, кој е монолит стар 66 милиони години и висок 200 метри. Ридот бил формиран откако стопената лава била исцедена од пукнатините на Земјата за време на мезозојската ера.

6. Карпи со слики на првите луѓе

Во Индија, исто така, имате единствена можност да одите во минатото. Можете да ги посетите засолништата во карпи, Bhimbetka,  каде има слики кои  датираат уште од мезолитскиот период. Овде, можете да видите каков бил животот на луѓето во праисторијата, вклучувајќи ја и еволуцијата од ловци-собирачи до земјоделци, што е навистина хипнотизирачко. Карпите се светското наследство на УНЕСКО.

7. Криенка на плажа

Меѓу различните плажи во Индија, има една со посебна карактеристика: нејзината вода исчезнува и се враќа секој ден. Поради ова, плажата во Одиша е позната по тоа што игра „криенка“. Морето овде се повлекува до 5 км. Секој ден можете да бидете сведоци на плимата и осеката кои се вистинско чудо на природата.

8. Ресторан со гробови

Ресторанот New Lucky во Индија не е само место каде што можете да уживате во локалната кујна, туку можете да вечерате и во присуство на мртвите. Всушност, ресторанот бил изграден среде стари гробишта. Така, наместо да ги отстрани гробовите, сопственикот решил да ги остави и да стави маси покрај ковчезите. Тој смета дека гробовите носат среќа и поради тоа неговиот бизнис навистина цвета.

9. Храм полн со стаорци

Меѓу бројните храмови во Индија, еден привлекува посебно внимание поради неговите жители. Храмот Карни Мата не е само место за молитва, туку е дом и на приближно 20.000 стаорци.

Според легендата, кога посинокот на Карни Мата (женски воин) умрел, таа го замолила богот на смртта да го оживее. Богот на крајот дозволил посинокот и другите машки деца на Карни Мата да се реинкарнираат како стаорци. Сега локалното население ги храни малите жители и ги смета за свети.